❄️ New Year, New Career! ❄️
Во исчекување на празничната сезона, полека ја затвораме 2022 година, односно годината на Brainster рекорди!
Во новата година те охрабруваме да го направиш првиот чекор и да си поставиш нови цели кои ќе се трудиш да ги исполниш. Без разлика дали се работи за лични, академски или професионални. Убедени сме дека со континуирано учење и постојани напори ќе успееш да ги оствариш истите.
Како што почнуваме да кроиме планови за нашите цели во 2023 година, да погледнеме наназад и да се потсетиме на најважните моменти коишто го одбележаа декември.
- Како годинава ги постигнавме овие рекорди?
Како ги постигнавме овие рекордни резултати? Се разбира со многу труд, знаење, тимска работа и посветеност. Вработените во Brainster, инструкторите и партнерските компании, сите ние имаме само една цел – да работиме најдобро што знаеме, за да може студeнтите да го имаат најдоброто искуство и да се стекнат со потребните вештини. Дознај повеќе!
- Доделувавме сертификати
Во нашите простории се одржаа доделувањата на сертификатите и networking настани за студентите на:
- Академијата за Front-End програмирање групи 4 и 5
- Академијата за Full-Stack програмирање групи 6 и 7
- Академијата за дигитален маркетинг групи 32 и 33
- Се запознавме со новите студенти
Им посакавме добредојде на нашите нови студенти кои го направија првиот чекор кон нова кариера и дигитална трансформација! Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од:
- Академијата за графички дизајн група 21
- Академијата за UX/UI дизајн група 10
- Академијата за Software Testing групи 19 и 20
- Академијата за дигитален маркетинг група 36
- Академијата за Project & Product менаџмент група 5
- Академијата за Front-End програмирање групи 11 и 12
- Brainster Media Brunch
Организиравме media-brunch и уживавме во друштвото на новинарите од повеќе медиуми. Нивната поддршка ни е многу важна бидејќи тие ни помагаaт успешните и инспиративни приказни за нашите студенти, како и сите останати наши достигнувања и залагања за подобро образование, да стигнат до пошироката јавност. Ви благодариме за сиот труд што го вложувате, за вашата посветеност да ја барате вистината и да известувате точно, правично и независно.
- 4 (+1) корисни ТikТok профили за дигитален маркетинг
Една од областите за која на TikTok има доста квалитетна и релеванта содржина е и дигиталниот маркетинг. Во оваа блог објава, издвоивме неколку уникатни ТikТok профили што нудат вредност за секој дигитален маркетер. Дознај повеќе!
- Најгледани Brainster вебинари за Project & Product Management
Во овој блог претставени се најпопуларните Brainster вебинари преку кои ќе се информираш повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на менаџментот на проекти и продукти, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, а исто така ќе дознеш и кои се потребните вештини за да се биде успешен проектен или продукт менаџер. Дознај повеќе!
- 8 работи кои ги научивме од предавањето за GIT со Симеон
Зошто GIT е есенцијална алатка која секој програмер мора да ја знае? Која е потребата од системи за управување со програмски код? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Симеон Здравески – инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање, како и да ги дознаш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 8-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!
- Запознај го тимот на Brainster!
Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Емилија Ристеска – дел од Student Admission тимот
- Магдалена Деспотоска – дел од Student Admission тимот
- Мила Павловска – Digital Marketer во маркетинг тимот
- Емилија Шопова – дел од тимот на финансии и администрација
- Стручни блог објави со Татјана Поп Јанева – менаџер на човечки ресурси во Brainster
Татјана Поп Јанева е менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster, а воедно и HR професионалец со долгогодишно искуство, која ни го сподели своето размислување на темите:
- Важноста на емоционалната интелигенција на работното место
- Инспирацијата е критичен елемент за да се биде успешен лидер
- Запознај ги студентите
Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ти ги претставиме нашите нови студенти и нивните први впечатоци од Академиите. Прочитај повеќе за:
- Ристе Миовски – Академија за Project & Product Management
- Анета Митрулова – Академија за Project & Product Management
- Александра Јорева Михајловски – Академија за Project & Product Management
- Катерина Стојанова – Академија за Project & Product Management
- Христина Попоска Малески – Академија за Full-Stack програмирање
- Вангел Трендов – Академија за Full-Stack програмирање
- Ванче Делов – Академија за Full-Stack програмирање
- Симеон Ќускиев – Академија за Full-Stack програмирање
- Александар Зафировски – Академија за Full-Stack програмирање
- Бобан Миноски – Академија за Full-Stack програмирање
- Анита Спасовска – Академија за графички дизајн
- Софија Краљевска – Академија за графички дизајн
- Ајрин Абди – Академија за графички дизајн
- Андреј Алаѓозовски – Академија за графички дизајн
- Наум Милошески – Академија за Front-End програмирање
- Дени Трајков – Академија за Front-End програмирање
- Трифун Томевски – Академија за Front-End програмирање
- Адам Брајаноски – Академија за Front-End програмирање
- Виктор Јовановски – Академија за Front-End програмирање
- Ибрахим Исмаил – Академија за Front-End програмирање
- Сања Боцеска – Академија за Software Testing
- Марио Трајчевски – Академија за Software Testing
- Катерина Шаркоска – Академија за човечки ресурси
- Панде Бојаџиев – Академија за UX/UI дизајн
- Запознај ги инструкторите
Прочитај повеќе за експертите, а воедно дел од инструкторскиот тим на Brainster Академиите кои ќе те водат низ процесот на твојата кариерна трансформација.
- Елена Диновска Зарапчиев – Академија за графички дизајн
- Давид Шојиќ – Академија за дигитален маркетинг
- Виктор Петковски – Академија за Software Testing
- Brainster инструкторите советуваат
Го создадовме блог серијалот „Brainster инструкторите советуваат“ за да ви ги претставиме инструкторите на нашите Академии и нивните совети за полесно совладување на програмата. Дознај ги советите од:
- Елена Диновска Зарапчиев – Академија за графички дизајн
- Ана Тодоровска – Академија за графички дизајн
- Александар Јолакоски – Академија за Full-Stack програмирање
- Александра Тасевска – Академија за човечки ресурси
- Марко Ивановски – Академија за дигитален маркетинг
- Ива Дујак – Академија за дигитален маркетинг
- Маја Митровиќ – Академија за UX/UI дизајн
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Сара, Горјан, Владимир, Тијана, Нина, Мирјана, Љубенка, Горан, Катерина, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️





































