Александра и Анастасија – sister power кои стојат зад популарниот бренд URMA, се една од оние успешни приказни кои ќе те натераат да ја следиш својата пасија, да веруваш во себе и да инвестираш во своите соништа. Сите одамна зборуваме за тоа како на Скопје му треба концептуална продавница. Па, URMA е токму тоа.
Нивното патување започна со онлајн продавница која денес добива и физичка локација. Вистински пример за моќта на посветеноста и стратешката употреба на дигиталниот маркетинг. И двете имаат многу интересна позадина која бара доста учење во областа во која денес се успешни. Анастасија е дипломиран економист со аспирации за дизајн, а Александра е дипломиран криминолог со желба за психологија.
Овие две сестри се и алумни студентки на нашата Академија за дигитален маркетинг, феноменални претприемачки и мајки кои ги користат тајните на дигиталниот маркетинг за да креираат успешен бизнис кој во основата е инспириран од нивното секојдневие и работите кои ги сакаат.
Александра и Анастасија ни одговараат што сѐ е потребно за да се изгради концептуална продавница, како може да ја следиш твојата пасија и да најдеш значење во она кое го правиш. И најважно од сѐ – како до личен успех и балансиран живот.
Кога и како почна приказната на вашата концептуална продавница URMA?
Александра: Приказната за URMA од идеја до реализација не беше лесна. Додека ги остваривме сите идеи што ги имавме замислено ни беа потребни неколку месеци. Секако во овој период поминавме многу предизвици, често имавме и сестрински несогласувања, но на крај секогаш доаѓавме до решенија што се најдобри за нашиот бизнис.
Која е филозофијата, концептот и визијата со која го водите вашиот бренд и најголемите успеси?
Александра: Брендот URMA е сѐ што ние го живееме секојдневно. Да поминете еден ден со мене и Анастасија или да прочитате една преписка од нашиот chat ќе ви биде веднаш јасно кон што целиме со URMA. Ова е концептуална продавница во која можете да најдете производи што ние секојдневно ги користиме и ги наоѓаме како доста корисни во нашето секојдневие. Тимот на URMA е составен од неколку жени ѕверки, Викторија, Симона, Александра, Анастасија и јас.
Како ја правите селекцијата на производи, и кои се вредностите и квалитетот што (треба да) го поседуваат?
„Сѐ она што сакаме и користиме за себе“, беше реченицата по која што се водевме додека правевме селекција на производите. Ставивме акцент на алатките за убавина, негата за лице и коса бидејќи тоа е нашата пасија, а веруваме дека е и на сите жени. Исто така, во една друга улога како мајки, двете бевме заинтересирани за сите детски производи, како и производи кои им го олеснуваат животот на мајките. Исто така, ги обожаваме домашните локални мини брендови и сакаме URMA да биде препознатлива по такви соработки.
URMA е повеќе од онлајн-продавница. Што сѐ има во палетата на производи под етикетата URMA?
Urma Beauty секцијата ги сочинува производите за нега на лице, како што се ролерите и Гуа Ша масажерите за лице, ледените топки, Лед маската за лице, како и нашиот најпродаван производ, а тоа е фрижидерчето за козметика. Додека пак, во URMA kids делот имаме прибор за јадење, тањирчиња, лигавчиња, цуцли, шишиња и многу други производи кои, како што напоменавме, што ги користиме, сакаме да ги користиме и ние и нашите блиски и најважно од сѐ помагаат во нашето секојдневие 🙂
Вие сте алумни на Академијата за дигитален маркетинг на Brаinster. Зошто решивте да се запишете на оваа академија и кога ја завршивте?
Анастасија: Како дипломиран економист на насоката маркетинг, сакав да го надградам моето знаење на истата тема. Дигиталниот маркетинг не беше во целост опфатен на студиите и тогаш по препорака од мојата сестра дознав за Академијата за дигитален маркетинг и решив дека откако ќе ги завршам моите мастер-студии токму оваа академија може да ми го понуди тоа што ми е потребно за да ја заокружам мојата кариерна патека.
Александра: Јас се запишав на Академијата за дигитален маркетинг баш во моментот кога го основав и својoт старт ап, онлајн продавница за која што ми беше потребно да се запознаам баш со оваа гранка од маркетингот, зашто е една од клучните во градењето и развивањето на мојот бизнис.
Кои се најважните нешта што ги научивте за време на академијата? Какво искуство беше за вас?
Анастасија: Дигиталниот маркетинг не е само обична реклама или промоција на интернет. Најважниот дел во маркетингот е правилно таргетирање или како што велат маркетерите „бидете таму каде што е вашата целна публика”. Интернетот ни го овозможува токму тоа, полесен пристап и попрецизно таргетирање на нашата целна публика. Исто така, една од најважните работи е тоа што дигиталниот маркетинг во брз рок ни дава во исто време и позитивна и негативна информација од нашата целна група, брз повратен одговор од таргет групата, токму тоа што ни треба.
Ова се само дел од работите што можам да ги издвојам како најважни, сепак, секој модул, секое знаење што го стекнав на академијата е драгоцено за мене особено бидејќи маркетингот е појдовна и би рекла основна точка во нашиот (мој и на сестра ми – sister power:) бренд URMA кој веќе неколку години заедно го градиме. Презабавни и корисни поминати 8 месеци со многу стручен тим на ментори со долгогодишно искуство, дружење со колеги и највозбудливото нешто – применето знаење и работа на реални проекти со различни познати компании.
Колку овие знаења практично ви се најдоа по завршување на предавањата и колку сега ги применувате, водејќи свој бизнис?
Анастасија: Практичните вежби и работата на реални проекти со големи компании ми овозможи едно олеснување и сигурност при почетоците на URMA. До ден денес знам да отворам во мојот компјутер, во фолдерот Brainster и да пролистам низ материјалот со цел да решам одреден проблем или да добијам нова идеја за тековните активности 🙂
Александра: За разлика од Анастасија, јас по професија сум специјалист по криминалистички науки и за мене оваа академија беше прв допир со областа на маркетингот во која било форма. Сѐ што научив таму, подоцна го применував и сѐ уште го применувам во текот на планирањето на маркетинг стратегијата и активностите за URMA.
Колку оваа програма ви помогна во реализација на своите кариерни цели? Дали учењето заврши со академијата или продолжи со надградба во меѓувреме?
Анастасија: На скала од 1 до 10, ѝ давам полна 10-ка на применливоста на стекнатото знаење во моите кариерни цели – дигитал, плус маркетинг комбинација која не се потценува, особено во е-комерц индустријата 🙂 Променливоста и потребата за следење на трендовите во маркетингот секако го прават неопходно и учењето по Академијата.
Александра: Свесни сме колку е брзо темпото на живот во денешницата и дека сѐ се менува од ден во ден, а особено дигиталниот свет. Сметам дека постојано мора да се надоградува знаењето и да се следат новите трендови за да ни биде полесно да растеме и да се развиваме.
Може ли да ни кажете малку повеќе за себе, кои се вашите интереси, имате ли хоби, како се релаксирате после 17ч и за време на викендите?
Александра: Секое слободно време го користам да го поминам со семејството и со пријателите, добрата дружба и забава е она што најмногу ми ги полни батериите, вежбам секојдневно, skincare рутина е must, сакам да гледам добар филм, во план ми е да научам да свирам гитара. Еве, неколку години по ред, па се надевам дека оваа година ќе си ја остварам и таа желба. Во последно време ми се многу забавни и интересни работилниците кои се појавуваат во градот како некој нов начин на забава и дружба.
Анастасија: Добра масажа после напорен ден, секојдневна skin care рутина, чај, серија, дружење со моите најблиски се мојата формула за релаксација… обожавам грижа и нега за себе, нега на лице, сакам да истражувам и да откривам нови трендови во препаратите за убавина, што е супер инспирација за освежување на палетата на производи на URMA 🙂