Моето Brainster искуство – Александар Зафировски

Запознај го Александар Зафировски – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање, кој се реши да ги надгради своите вештини и да научи нешто повеќе за програмирањето.
Студент: Александар Зафировски
Академија: Академија за Full-Stack програмирање
Професија: Референт за продажба во Anhoch.
Од првиот час на Академијата паметам: Пријатно искуство со инструкторите.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Имав претходни познавања во областа на програмирањето и тоа во делот на Front-End. Желбата да се усовршам во тоа што го знам и да научам нешто повеќе ме натера да се запишам на Академијата за Full-Stack програмирање.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Да запознаам нови луѓе и да стекнам нови знаења.
После предавањата секогаш: Сум посветен на совладување на материјалот.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Делот од back-end и датабази, можеби затоа што во досегашното искуство никогаш не се сретнав со код од тој тип и воопшто не знам како изгледа. Но, сепак со добра посветеност и труд сѐ се совладува.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Постојано да напредувам во областа којашто ми е најдобро позната. Сметам дека клучот за да се биде успешен програмер е усовршување на постоечкото знаење.
Оваа област за мене значи: Отварање на нови работни можности за во иднина.
Во слободно време: Работам како фриленсер, искуство коешто ми ја даде основата во оваа област.
Сакам да читам: StackOverflow решенија. 🙂
Сакам да гледам: Кратки видеа поврзани со програмирањето, каде што сметам дека најмногу се учи.
Омилен цитат: “The answer is simple: If you want something very badly, you can achieve it.“
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full-Stack програмирање.
На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!