Запознај го Ристе Миовски – студент на нашата Академија за Project & Product Management, кој реши да научи како се организираат проектите и продуктите, а воедно и повеќе за нивното успешно управување.

 

Студент: Ристе Миовски

Академија: Академија за Project & Product менаџмент

Професија: Data Base Quality Control

Од првиот час на Академијата паметам: Убавата атмосфера за работа и комуникативност, како и начинот на предавање со вклучување на Q&A сесии, каде што сите работи што не ни се јасни на целата група се детално објаснети за да не лутаме низ материјалот.

Се решив да го искористам периодов продуктивно и да научам: Како се менаџираат и организираат проекти и продукти.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Има делумна поврзаност со мојата моментална работа, односно со помош на оваа Академија можам да аплицирам како Team Lead, но секако првично целта ми е вработување во некоја компанија која е директно поврзана со креирање на проекти/продукти.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Што се повеќе стручни, односно подлабоко да навлеземе во суштината на креирањето проекти/продукти.

После предавањата секогаш: Одмарам тој ден. Бидејќи предавањата се по 16 часот и доста обемни. Но, секако во текот на следните денови се поминува зададениот материјал за следниот час.

Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Дали би можел да учам на ниво каде што ќе можам да се истакнам од останатите.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Успешно пробивање во сферата пред сѐ, бидејќи според мене тоа е најтешкиот чекар. Но, секако и придобивките од оваа професија од материјален аспект.

Оваа област за мене значи: Зголемување на моето општо знаење, односно започнување на нова професија и подобрување на мојот начин на изразување.

Во слободно време: Гледам видеа на YouTube. Имам преголем број на „непотребни информации“ кои сум ги стекнал од истото. Всушност идеата за менаџирање на проекти ми произлезе токму од видеа и секако се имам стекнато со големо познавање на економијата, како функционираат големите корпорации итн.

Омилен цитат: “What, how, why – односно како треба да се пласира/ објасни нашиот проект/продукт на нашите корисници.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!