Запознај го Горјан Главески – алумни студент на Академијата за графички дизајн, кој покажа одлични перформанси за време на предавањата и не ја пропушти можноста да учествува на реалните проекти.

Како еден од најпопуларните реални проекти на кои тој има работено е Победничкото решение за редизајн на логото на Бучен Козјак.

Неговата посветеност резултираше со професионален раст и развој и сега Горјан работи како графички дизајнер во компанијата Rhino Entertainment.

 

Си поразговаравме со Горјан за неговото кариерно патување

 

 

Здраво Горјан, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво! Јас сум тој што преферира минимализам во боја и се викам Горјан. Познавањето на графичкиот дизајн и мојата креативност ми овозможуваат да го креирам тоа, а и нешто плус. 

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Да се запишам на Академијата за графички дизајн влијаеше предизвикот кој сам си го поставив, а тоа беше да изучам нешто ново и креативно со кое ќе можам да се изразувам, занимавам и надградувам.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

На Академијата за графички дизајн поминав еден период кој за мене беше како едно незаборавно патување и откривање на нови нешта. Вистински предизвик беше редизајнот на веќе препознатливото, постоечко лого за млекарата „Бучен Козјак” и создавањето на визуелен идентитет за медиумот „Види Вака”.         

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Одличното познавање на алатките за дизајн, мојата креативност, упорноста и дисциплината во извршувањето на задачите.

 

 

Раскажи ни го твоето кариерно патување!

Моите почетоци во кариерата како графички дизајнер почнав да ги градам како фриленсер, потоа стекнав искуство со работа во Галексија, за конечно да се вработам во компанијата “Rhino Entertainment”. Работниот ден го започнувам со преглед на тикети (работни задачи), состанок со тимот на дизајнери, пауза и дружба со колегите и комплетирање на сите таскови за тој ден. 

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Гледа да ги направи работите пофункционални, впечатливи и запаметени.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Ехеееееееееее! 🙂 Како успешен графички и UI/UX дизајнер.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Побарувачката, желбата да пробам нешто ново и професионално да напредувам. Она што би го препорачал е да не размислуваат премногу, туку да го направат првиот чекор и да се запишат на Академијата за графички дизајн доколку чувствуваат дека тоа би била вистинската професија за нив.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!