Задоволство ми е што сум дел од компанија која опсесивно се грижи за студентите

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Емилија Ристеска од Student Admission тимот и маркетинг тимот на Brainster.

За себе ни кажа дека е човек кој сака да вложува во себе, да учи, истражува и расте, а токму тоа го нудел Brainster. 

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Емилија, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Јас сум дел од маркетинг тимот, поточно во делот на Student Admission. Луѓето од нашиот тим се првиот контакт со апликантите на академиите. Задолжени сме за телефонски повици, онлајн средби и склучување договори. Низ целиот тој процес се грижиме апликантите да ги добијат точните информации и да ги насочиме во изборот на кариерниот пат. Анализите и подобрувањата се неизоставен дел од нашата позиција.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Student Admission?

Денот почнува со организација и приоритизација на дневните задачи и обврски. Потоа следува комуникација со апликантите преку телефонски повици и онлајн средби. Интересно е како луѓето постојано ја гледаат промената во општеството и сакаат да направат кариерна промена или пак да се подобрат во истата. Задоволство ми е што сум дел од компанија која опсесивно се грижи за студентите и им помага да се развијат професионално.

 

 

Што правиш во слободно време, надвор од работните обврски? Дали имаш некое хоби?

По завршување на работниот ден, сакам да се опуштам со најблиските и партнерот. Сакам да читам книги, да слушам музика, да танцувам, да пешачам во природа, да гледам филм со чаша вино. Како човек кој сака постојано да учи и да расте, вложувам во себе преку курсеви и обуки. Моментално посетувам обука за личен раст и развој и сум многу среќна за промените што ги гледам кај себе. Исто така, сакам да патувам и да посетувам нови места.

 

Од своја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Прво нешто што можам да го издвојам е флексибилноста да работиш од било каде и флексибилноста на работното време. Исто така, за човек кој сака да патува навистина ми е важно што имаме неограничени денови за одмор. Морам да го издвојам тимот кој е поддршка и помош секогаш кога ти треба. 

 

 

За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Компанија која вложува во своите вработени, им помага да растат, а со тоа и самата компанија расте. Тука има пријатна работна средина, се цени индивидуалноста и се работи на благосостојба на вработените. Brainster е компанија која ги следи потребите на своите вработени, гради доверба, а со довербата доаѓа и лојалноста. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

Како до 1.000.000€? 🤫