Запознај го Панде Бојаџиев – студент на Академијата за UX/UI дизајн, кој се одлучи да го прошири своето знаење во оваа област за подобро да го разбере дизајнот на корисничко искуство и кориснички интерфејс.

 

Студент: Панде Бојаџиев

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата паметам: Тремата која ја имав пред започнување на часот и „стравот“ од новиот почеток. Запознавањето со останатите колеги, како и нивните интересни професии и хобија.

Се решив да ја искористам оваа есен продуктивно и да научам: Целосно да го разберам начинот на работење на UX/UI дизајнот.

Ја одбрав оваа област: Бидејќи сметам дека сум креативна личност. Секогаш ме привлекуваат новите предизвици и тоа што оваа професија не е монотона и досадна.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: User Interface

После предавањата секогаш: Си ги завршувам обврските од часот и истражувам за проблемите кои не ми се јасни.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дали ќе успеам да се посветам доволно на Академијата. Како почетник без никакво предзнаење, дали ќе се вклопам во оваа област.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Посветеност, добри идеи, напорни – но, интересни проекти и напредок.

Оваа област за мене значи: Можност каде ќе може да ги истакнам своите дизајнерски вештини и креативност.

Во слободно време: Играм игри.

Сакам да читам: Биографии на успешни личности на денешницата. Ви ги препорачувам книгите Пинк Пантер од Оливера Ќирковиќ.

Сакам да гледам: Акциони и трилер филмови.

Омилен цитат: “Design isn’t finished until someone is using it.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!