Зошто GIT е есенцијална алатка која секој програмер мора да ја знае?
Дознај го одговорот на ова прашање и научи зошто се важни системите за управување со програмски код, кои се најважните и најчесто користените команди во GIT, како и кој е процесот на прикачување на програмски код на GIT.
Симеон Здравески е инструктор на нашата Академија за Full-Stack програмирање. Тој е дипломиран софтверски инженер на ФИНКИ со особен интерес за развој на веб базирани системи. Работи во LOKA – IT компанија со седиште во Силицумската долина, која има канцеларии во Македонија.
Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:
1. Што се системи за управување со програмски код?
Системи за управување со програмски код се програми кои помагаат да се зачуваат измените направени врз фајловите, така што се чува детална историја за секоја измена во содржината на фајловите.
2. Која е потребата од системи за управување со програмски код?
Потребата од системи за управување со програмски код е во тоа што овозможуваат полесна работа во тим, така што секој член лесно може да ги повлече на својот компјутер измените во кодот направени од останатите членови во тимот. Се чува детална историја за измената на секој фајл и имаме можност да вратиме некоја претходна стабилна верзија.
3. Што е Git?
Git e всушност софтвер, конкретна имплементација на систем за управување и верзионирање со програмски код. А воедно и најпопуларната алатка која се користи во денешно време.
4. Дали Git и GitHub се исти?
Одговорот е не. Git е софтвер, односно конкретна имплементација, додека GitHub е сервис. Разликата помеѓу нив е во тоа што Git овозможува верзионирање на програмскиот код, но доколку се чува на локален компјутер тоа не е безбедно. Тука стапува на сила GitHub кој е сервис и има можност со користење на Git команди, проектот кој го имаме локално да го поставиме на GitHub за да биде безбеден и да го чуваме нашиот код.
5. Најчесто користени наредби во Git?
Git како софтвер има околу 130 команди, а во реална ситуација потребни се околу 10 најосновни команди. Како што се: add, commit, push, checkout, fetch, merge, pull и сл.
6. Што е Local Repo?
Кога зборуваме за Repo, зборуваме за Repository, односно некој проект. Бидејќи во Git можеме да направиме голем број на repositories, а тоа значи повеќе засебни проекти.
7. Што се Commits?
Еден commit може да содржи група на фајлови, поточно информации за група на фајлови кои биле изменети во одредено време со извршување на командата git commit и зачувување на таа верзија.
8. Што се гранки во Git?
Гранките во Git се покажувачи на одреден commit (изменета верзија) на кодот што била направена во одреден период.
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!