Александра Тасевска е инструктор на нашата Академија за човечки ресурси која ги предава модулите „Учење и развој на вработени“ и „Компаниска култура“.

Со себе носи повеќегодишно искуство на различни HR позиции, во компании од различни индустрии, а во моментов е ангажирана на позиција HR Director во една од поголемите производствени и retail компании во Србија која брои 500+ вработени.

Be open for career change. Изборот на моменталната професија не e животен избор. Не запаѓајте во замката на тесните експертизи, вложувајте во својата интелектуална способност и слобода, и пробувајте различни работи. Што и да работите моментално, не ја затворајте вратата на некои други опции и можности. Негувајте различни интереси и стекнувајте различни вештини. Однапред прифатете го и ризикот од неуспех. – вели Александра

 

Во продолжение, Александра ни откри што се учи на модулите кои таа ги предава, како и совети за успешно совладување на истите 

 

1. Здраво Александра, ние на Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Во последнава година и половина сум ангажирана на позиција HR Director во една од поголемите компании од модната индустрија во Србија со сопствено производство и развиена retail мрежа, која брои 500+ вработени. Како дел од извршниот борд на директори, целосно сум посветена на развојот на HR стратегија која ќе ја прати основната визија на компанијата. Воедно, главната моја одговорност е да осигурам дека капацитетите со кои располага компанијата ќе успеат да ја остварат компаниската стратегија и основните бизнис цели. Во тековните активности, посебен фокус давам на моделирањето и трансформацијата на компаниската култура со воведување на нови HR практики чија цел се попродуктувни обрасци на однесувања од страна на вработените на сите нивоа во компанијата. 

Во мојот background имам и повеќегодишно искуство на различни HR позиции во компании од различни индустрии. Исто така, имам и сопствена компанија која нуди HR партнерства на компании кои се доволно зрели за стратешката HR функција да ја outsource-ираат или пак компании кои имаат потреба да воведат или модификуваат некој од процесите за развој на луѓе. Сум сертифициран тренер за DISC Flow методологијата – една од најмоќните алатки за people assessment која има огромен дијапазон на намена кај индивидуи, тимови и организации. Иако агилноста ми е една од поразвиените компетенции која ја поседувам, за да ја доразвијам својата способност за водење на комплексни проектни задачи, одлучив да се сертифицирам и како Professional Scrum Master.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш? 

На Академијата за човечки ресурси во Brainster предавам два од вкупно девет модули, и тоа Модулот „Учење и развој на вработени“ и „Модулот Компаниска култура“.

Модулот „Учење и развој на вработени“ овозможува да се разбере зошто овој сегмент како дел од HR менаџментот во една компанија е од есенцијално значење за нејзиниот успех, за одржување и развој на нејзината конкурентска предност и за остварувањето на нејзините стратешки цели. 

Стратешки развиен концепт на „Учење и развој“, кој е усогласен со стратешкиот план на компанијата, им овозможува на нејзините вработените да ги развијат постоечките вештини и компетенции, како и да стекнат нови кои се потребни за да се одговори на предизвикот на константните промени, доведува до зголемување на продуктивноста, влијае на задоволството и мотивацијата кај вработените, па така ја моделира и позитивната компаниска култура. Добро развиен концепт на „Учење и развој“ ја намалува и непосакуваната флуктуација на вработените, а со тоа се редуцираат и непотребните трошоци за регрутација, селекција и воведување на нови вработени. 

Со модулот „Компаниска култура“ студентите ќе развијат свест за сопствената улога како HR професионалец во моделирањето на компаниската култура и ќе ја развијат својата професионална етика. Во секоја работна и професионална средина која се карактеризира со функционална компаниска култура и каде постојат јасно поставени очекувања, вработените се мотивирани, инспирирани и позитивно ангажирани во извршувањето на своите работни задачи и во својата интеракција со другите. Тоа ја зголемува посветеноста и продуктивноста, па така се создаваат и услови за ефикасно остварување на организациските цели.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

There is no „I“ in TEAM. Не би можела да кажам дека јас сум главниот виновник за успехот на студентите. Колку знаење ќе стекнат студентите зависи од сите нас заеднички. Она што со сигурност можам да го кажам дека сите инструктори на Академијата се одлични професионалци и вистински се вложуваат да го пренесат својот KNOW-HOW на студентите, но крајниот успех сепак, во голема мера, зависи и од самомотивацијата и ангажираноста на студентите во сите активности кои се предвидени на Академијата.

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  • Avoid routine. Comfort is the enemy of progress. Луѓето имаат природна предиспозиција за учење и стекнување на нови искуства. Доколку западнете во комфор зона и не ги нахраните апетитите за нови знаења, ќе бидете демотивирани и неангажирани. Едноставно, ќе атрофирате.

  • Do not Copy-Paste, Be Authentic. Секогаш трудете се да развивате нови пристапи на размислување и работа кои се апликативни во конкретниот компаниски контекст. Она што функционира во една компанија, не е функционално во друга. 

  • Do not micromanagement. Stay focused on the bigger picture. Секогаш настојувајте да ги насочувате своите напори кон некоја поголема визија, било во компаниски контекст или во приватниот живот. Одберете си своја лична визија кон која ќе ги насочите сите свои напори. 

  • Never stop learning, because life never stops teaching. Од секоја ситуација, животна или кариерна околност, пробајте да научите нешто ново. Дури и од негативните искуства низ кои минувате, извлечете го максимумот и научете како на нив да реагирате во иднина.

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.