Маја Митровиќ е инструктор на нашата Академија за UX/UI дизајн која го предава модулот „Дизајн“, а воедно работи како UX/UI дизајнер во компанијата Codeart.
Ми се допаѓа брзината со која се движат работите во оваа индустрија, секогаш има нови софтвери, техники, концепти или трендови. Тоа прави да е секогаш интересно и динамично, да сакаме да дознаеме и научиме повеќе, и на крај и ние да придонесуваме за оваа наша мала UX/UI заедница во Македонија. – вели Маја
Во продолжение, Маја ни откри што се учи на модулот кој таа го предава, како и совети за успешно совладување на истиот
1. Здраво Маја, ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за идните студенти?
Здраво! Јас сум Маја Митровиќ и работам како UX/UI Designer во Codeart. Всушност, сум дипломиран машински инженер по Индустриски Дизајн, но по завршување на факултетот, се определив за изучување на UX/UI дизајн и ја започнав својата кариера во 2016 година. Отсекогаш сум сакала дизајн, маркетинг и психологија – па изборот за овој кариерен пат, после факултетот, беше нешто што ги вклопи сите мои интереси на едно место.
2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш?
На модулот „Дизајн” на Aкадемијата студентите ќе научат како оди целиот процес на започнување со дизајнот на еден нов проект. Најпрво ќе се запознаеме со wireframes: потребата, контекстот и начинот на нивната изработка. Овој чекор е од особена важност за пренесување на нашите дизајн концепти од нашата глава во реална форма.
Понатаму, се поминува организирање на sitemap во логичен ред, за полесно и побрзо корисничко искуство. И, last but not least, ќе се осврнеме и на делот за responsive design, којшто е од круцијална важност во ова време кога користиме многу различни димензии за екрани во нашето секојдневие (smart watch, smart phone, laptop/PC, smart TV…).
Поставувањето на добри темели на дизајнот, го олеснува целиот процес понатаму и остава поголем простор за креативни идеи при градење на стилските елементи на продуктот. И најзабавниот дел е дека во овој модул започнуваме со изработка на индивидуалното портфолио и групниот реален проект. Ова се искуства кои сметам дека се од огромно значење за студентите, како први чекори во нивната кариера.
3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?
Сите студенти би ги советувала:
Да не брзаат во процесот на учење на нови работи. Одете по своето темпо, систематизирајте ги процесите на учење, бидете свесни кои работи ви одат потешко и фокусирајте се на нив во слободно време.
Не скокајте чекори низ процесот на дизајнирање, само за да завршите побрзо. Ова ќе предизвика уште многу повеќе и/или дупла работа во наредните фази. Овој совет е особено битен во процесот на учење на нови концепти или технологии.
Опкружете се со дизајн насекаде околу вас: социјални мрежи, блогови, видеа, newsletters, групи, итн. Оваа Академија е вистинското место, покрај учењето дизајн, да се покаже и/или засили тимскиот дух. Тој е навистина потребен за понатамошна кариера и не би требало да се занемарува.
4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
- Do not skip steps in the design process. You could later be doing double work because of that..
- Introduce systems to your work or learning process, take one step at a time and you will produce quality products or learn much more and better.
- There is no I in TEAM. It may sound cliché, but it still matters. Don’t forget this.
- Surround yourself with design knowledge everywhere – social media, newsletters, blogs, etc.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!