Моето Brainster искуство – Катерина Шаркоска

Запознај ја Катерина Шаркоска – студент на Академијата за Човечки Ресурси, која сака да се надгради со нови знаења и да научи повеќе за менаџментот на човечки ресурси.
Студент: Катерина Шаркоска
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Професија: Дефектолог
Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со Академијата и членовите на групата.
Се решив да ја искористам оваа есен продуктивно и да научам: Нешто повеќе за менаџментот на човечки ресурси, но и да бидам во тек со новите барања на пазарот на трудот.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Се пронаоѓам во професијата Регрутер!
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Регрутирање, селекција и онбординг на вработени.
После предавањата секогаш: Ги истражувам новите работи кои не сум ги сретнала дотогаш.
Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Идната професија во која влегувам без искуство.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да располагам со доволно стекнати знаења, вештини и работа на реални проекти за да бидам конкурентна во ова поле.
Оваа област за мене значи: Нови можности за докажување на моите вештини и афинитети.
Во слободно време: Сакам да патувам и да истражувам нови места и култури.
Сакам да читам: Сакам да читам психолошки трилери.
Сакам да гледам: Психолошки филмови и серии.
Омилен цитат: “Success doesn’t come to you. You go to it!“
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!