Ние во Brainster секогаш сме полна куќа – дали има гостински предавачи, студенти на интро денови, групи кои дипломираат или групи кои презентираат, месеците никогаш не поминуваат без еден куп случувања.
Од овој месец започнуваме и со настани кои ќе бидат од отворен тип, настани на кои ќе ѝ враќаме на заедницата, настани на кои ќе има многу изненадувања и ќе бидат за сите.
Но, останатите настани кои се од затворен тип, зошто ги споделуваме?
Бидејќи Brainster заедницата веќе брои многу луѓе: + 140 инструктори + 13 200 алумни студенти +200 партнер компании и сите тие будно нѐ следат. Овој календар ќе им служи како еден вид на потсетник за се што се случува во Brainster но, и покана да дојдат и да се поврзат со нашата Brainster заедница.
Убав март! Прочитајте што се се случува во Brainster овој месец:
Петок, 01.03
Презентациja на реален проект – Kреирање Project Management Plan за платформа за готвење
Секогаш е возбудливо кои има студентски презентации пред клиент. Овој пат студентите од група 7 на Академијата за проект и продукт менаџмент ќе ги презентираат своите тимски решенија за клиентот Маја Лазаревска под менторство на инструкторката Олга Пујаз Петрушевска.
Сабота-Недела, 02.03-03.03
Онлајн Хакатон – Реален проект за BrainsterLabs
Онлајн Хакатоните се едни од највозбудливите и најнапорните викенди на студентите во текот на учењете. Овој пат предизвикот е кај студентите од Академијата за софтвер тестинг. Студентите од група 30 ќе учествуваат на онлајн хакатонот за време на кој ќе работат во тимови на проектот BrainsterLabs под менторство на инструкторката Катерина Крстовска.
Петок, 08.03
Презентација на реален проект – Постер дизајн за Националната опера и балет
Подготовките за изложбата на студентите од Академијата за графички дизајн на 26ти март во Лабараториум се во тек. Студентите од групите 24 и 25 ќе ги презентираат своите решенија за постер дизајн за клиентот НОБ, редизајн на манифестацијата Мајски Оперски Вечери, под менторство на инструкторот Михајло Тунев.
Сабота-Недела, 09-10.03
Онлајн Хакатон – Математика и статистика
Уште еден напорен и возбудлив викенд пред студентите на Академијата Data Science. Студентите од група 13 ќе учествуваат на онлајн хакатонот за модулот математика и статистика за време на кој ќе работат во тимови под менторство на инструкторот Филип Михов. Презентациите на резултатите од истиот ќе се одржат на 11ти март пред менторот и Partnerships тимот на Brainster.
Понеделник, 11.03
Работа на реален проект – Social Media Campaign за Bellina
Најпрактичните часови на Академиите. Студентите од Академијата за дигитален маркетинг стартуваат со практична работа. Групите 41 и 42 ќе работат на објавување реклами за модулот Social media campaign за клиентот Bellina под менторство на инстуркторот Марко Ивановски.
Петок, 15.03
Teaching Partner – Напредна 2Д Анимација со компанијата MotionAlley
Единствени со иновација од овој тип. Со цел подобро практично учење воведовме teaching партнерства на нашите Академии. Во соработка со компаниите, на студентите им се нуди можност да го надградат своето знаење со предавања од најрелевантните експерти од индустријата. За студентите од Академијата за графички дизајн тоа е „Напредна 2Д анимација за UX/UI“ предавана од MotionAlly Studio, курс кој навлегува во напредните техники и принципи на анимација специјално прилагодени за корисничкото искуство и дизајнот на корисничкиот интерфејс. Студентите ќе научат како да креираат привлечни и интуитивни анимации, кои ја подобруваат употребливоста и интерактивноста на дигиталните производи.
Динамично и продуктивно во првата половина на месец март во Brainster заедницата.
Продолжи да нѐ следиш за да останеш во тек со сите случувања и настани!