Запознај ја Софија Краљевска – студент на нашата Академија за графички дизајн којa живее во Германија и реши да научи графички дизајн со цел дигитализирање на своите идеи.

 

Студент: Софија Краљевска

Академија: Академија за графички дизајн

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата го паметам: Запознавањето со останатите студенти и различните профили на истите.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Откако знам за себе, константно додавам нешто на веќе постоечките дизајни околу мене (амбалажи, постери, менија…) и со запишување на Академијата сум убедена дека ќе го постигнам потребното знаење за да можам понатаму во животот да креирам свои дизајни.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Немам омилен предмет досега. Секој час си носи некоја своја посебност и во текот на истиот има спектар од нови знаења, а по завршување на истиот и предизвици.

После предавањата секогаш: Обрнувам внимание на обврските што сме ги добиле од предавањето и се трудам да изработам во зададениот рок.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Фактот дека наставата се одвива онлајн и продуктивноста од истата. Но, сега сфаќам дека сум донела правилна одлука бидејќи квалитетот на наставата е подобар од она што го очекував.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Најпрво да се изградам себеси како личност во оваа нова област за мене, а понатаму да стекнам работно искуство од оваа област.

Оваа област за мене значи: Дигитализирање на умествените идеи и стремеж кон создавање на свој препознатлив стил на изразување. 

Во слободно време: Се занимавам со истражување на околината во која живеам и се трудам да го извлечам најдоброто од истата.

Сакам да читам: Во последно време некако најмногу се пронаоѓам во областа на поезијата.

Сакам да гледам: Не сум човек што е фанатик за серии и филмови, но сепак кога ќе се одлучам за такво нешто може да е сѐ освен хорор.

Омилен цитат: “There is a crack in everything. That’s how the light gets in.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!