Запознај ја Катерина Маркоска – алумни студент на Академијата за Data Science, која реши да излезе од комфорната зона и да ги надгради своите вештини и знаења.

По завршување на Академијата, Катерина ја започна кариера како Junior Power BI Developer во компанијата Seavus која е дел од Aricoma групацијата.

 

Си поразговаравме со Катерина за нејзините студентски денови и новото работно место

 

Здраво Катерина, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, јас сум Катерина – алумни студент на Академијата за Data Science. Себеси би се опишала како упорна личност, која сака предизвици и го дава максимумот од себе за да ги исполни зацртаните цели. Во слободно време, уживам со добра книга и кафе. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ти си наш алумни студент кој постигна извонредни резултати! Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?

Прво, да ви се заблагодарам на честитките. Уште во текот на факултетските денови ме заинтересираа SQL Database Systems и сакав малку повеќе да ги истражувам и да се надградам, но сплет на околности, по завршувањето на факултетското образование тргнав во друга насока. Потоа, со почетокот на пандемијата имав повеќе слободно време и решив да продолжам таму каде што застанав, па се запишав на Академијата за Data Science и знам дека го направив вистинскиот избор.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Најмногу се гордеам со себеси затоа што решив да излезам од комфорната зона во којашто бев и продолжив со мојата доедукација таму каде што застанав. Вложив многу време и труд, работев и учев истовремено цела година, но на крај сѐ се исплатеше.

 

Дел од интензивната програма на оваа Академија е работата на реални проекти за реални клиенти кои бараат многу посветеност и време за учење. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Преку работата на проектите се запознавме со сите чекори за успешно работење и завршување на еден проект. Почнувајќи од анализата на барањата на клиентот, преку изработување на функционалните делови, па сѐ до презентацијата. Многуте предизвици со кои се соочивме и времето кое го посветивме за решавање на истите ми помогнаa да се подготвам за сегашната работна позиција. 

 

Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? Зошто? 🙂

Сите модули ме заинтересираа на различен начин, но ако треба да изберам само еден тогаш тоа би бил модулот за Power BI, каде што всушност и се насочив во мојата работа. Првпат се сретнав со ваквиот начин на обработка и визуелизација на податоци од различни извори и ми беше предизвик да го совладам. Предавањата и вежбите, исто така придонесоа за мојата поголема ангажираност. Најмногу предизвици имав со делот на Machine Learning поради многуте алгоритми и техники, како и обемот на материјалот. 

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Seavus. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Seavus постои повеќе од 20 години, а од крајот на 2020 година е дел од ARICOMA групацијата. Има канцеларии во 10 земји и повеќе од 1000 вработени. Компанијата нуди различни услуги и продукти. Главно соработува со глобални телеком оператори, организации од банкарскиот и финансиски сектор, healthcare индустрии и сл.

 

Како изгледа еден ден во животот на Power BI Developer?

Работниот ден ми започнува со кафе и утринскиот состанок со колегите каде го споделуваме прогресот и плановите за тековниот ден.  Споделуваме идеи и решенија за одредени проблеми што произлегле претходниот ден. Потоа, продолжувам со работа на тековните проекти.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Мојата работа се базира на изготвување на извештаи кои произлегуваат од барањата на клиентите. Ги преземам податоците од базата кои ја изготвуваат моите колеги, а потоа со помош на Power BI и DAX јазикот ги анализирам, трансформирам и визуелизирам истите. Приготвувам извештаи кои се, пред сѐ функционални, но и визуелно раскажуваат една приказна.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажала за кариерните можности кои ги нуди оваа област?

На идните студенти би им препорачала да не се двоумат и да го направат првиот чекор кон кариерна трансфoрмација. Менторите се вистински професионалци во своите области и многу може да се научи од нив. Академијата за Data Science е навистина обемна и бара да се вложи многу време и труд, но по завршувањето отвора најразлични можности за надградување и вработување. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!