Запознај го Бобан Миноски – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање, кој има посебна страст кон програмирањето и постојаното учење на нови вештини.

 

Студент: Бобан Миноски

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Професија: Инспектор на квалитет во автомобилската индустрија.

Од првиот час на Академијата паметам: Како се пишуваат кодовите.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Го сакам кодирањето и она што би го направил како проект.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: JavaScript, PHP, Bootstrap.

После предавањата секогаш: Пробувам да го искуцам кодот повторно и да завршам некоја нова задача или предизвик.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дека нема да ги запамтам сите кодови, ама со вежбање и континуирано куцање остануваат врежани кодовите.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Многу поголеми предизвици и нормално, повеќе проекти.

Оваа област за мене значи: Она што секогаш сум го сакал, а сум немал можност, сѐ досега.

Во слободно време: Го користам слободното време за одмор и гледање филмови.

Сакам да читам: Сѐ од Игор Џамбазов.

Сакам да гледам: Филмови.

Омилен цитат: „Вашето време е ограничено, па затоа не го трошете на нечиј живот.“

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full-Stack програмирање.

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!