Татјана Јанева е менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster, а воедно и HR професионалец со долгогодишно искуство како консултант во оваа област. За себе ни раскажа дека ужива во работата со луѓе и можноста да му помогне на секој вработен да го оствари својот потенцијал.

Прочитајте ја нејзината колумна којашто беше објавена на порталот 24HR, на тема „Чекорете со самодоверба – Инспирирајте го вашиот тим“.

 

Дали некој некогаш ве инспирирал до толку што сте го значајно промениле животот, на начин што ви го направил поздрав, посреќен или исполнет? Кога последен пат сте разговарале со некого кој бил навистина инспиративен?

Постојат илјадници дефиниции за лидерството. За мене најпогодна дефиниција е „Лидерството ги доловува најважните работи, да бидеш способен и подготвен да ги инспирираш другите“. Инспирацијата е критичен елемент да се биде успешен лидер.

Реалност е дека инспирацијата е недоволно ценета во нашите секојдневни животи. Нашиот професионален живот не е исклучок, без разлика дали имаме исполнета кариера или секојдневна работа. Ако некогаш сте работеле со личност која не знае како да инспирира други, веројатно разбирате дека инспирацијата доведува до зголемена етика и продуктивност. Вработените најверојатно ќе бидат најмногу инспирирани од лидери кои истовремено се емпатични и се насочени кон градење на успешен бизнис.

Можеби се прашувате себеси „како да ги инспирирам другите“? Бидете искрени со себе размислувајќи не само за тоа што вас ве инспирира, туку и за она што го гледате како инспирација за пријателите, семејството и вашите колеги. Кога ќе погледнете подалеку од себе, најверојатно ќе ги откриете одговорите и што треба да направите за да создадете поинспиративна компаниска култура.

За да научите како да ги инспирирате вработените, прво мора да разберете што ги инспирира. Разбирањето на вработените да „се вклопат“ е една од најосновните компоненти на емпатијата и ефективната комуникација.

Кога сте само насочени кон одредена цел, го губите личниот допир. Кога демонстрирате взаемна почит кон сите инволвирани, процесот на соработка станува извор на инспирација. Од друга страна, инспирацијата вклучува промена на начинот на размислување и чувство на вработените за себе, допир до нивните вредности и желби.

Како лидер, секогаш кога зборувате за вредности, за идентитет и за долгорочни цели, вашата намера – без разлика дали сте свесни или не – е да инспирирате.

Инспирацијата  доаѓа во многу различни форми. Можете да постигнете трајни резултати со премин од менаџирање во инспирирање со примена на:

  • Бидете пример за другите;
  • Фокусирајте се на односите со вработените;
  • Бидете промената што сакате да ја инспирирате;
  • Покажете ентузијазам и мудрост;
  • Инспирирајте со акција;
  • Слушајте внимателно;
  • Совладајте ја емпатијата;
  • Покажете грижа;
  • Верувајте им на вработените;
  • Градете ги вработените;
  • Оставете го егото зад себе;
  • Поставете цели и очекувања кои инспирираат;
  • Останете смирени и опуштени;
  • Чекорете со самодоверба;

Искреноста гради доверба и ги тера другите да веруваат во вашата инспирација. Способноста да ги инспирирате другите е важна вештина, онаа што ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот успех.

Кога ги инспирирате другите, ги мотивирате да бидат подобри во работата, да си постават повисоки цели за и се стремат да постигнат повеќе.

 

Доколку сакаш да си дел од HR заедницата и да бидеш промената што сакаш да ја видиш во светот, тогаш нема подобро време од сега!

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!