Татјана Поп Јанева е менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster, а воедно и HR професионалец со долгогодишно искуство како консултант во оваа област. За себе ни раскажа дека ужива во работата со луѓе и можноста да му помогне на секој вработен да го оствари својот потенцијал.

Прочитајте ја нејзината колумна којашто беше објавена на порталот 24HR, на тема „Дали емоционалната интелигенција е важна за успехот?“

 

Даниел Голман во својата книга „Емоционална интелигенција: Зошто може да биде повеќе од IQ“, тврди дека емоционалната интелигенција може да биде исто толку важна, ако не и повеќе, во предвидување на успехот во животот. Овие емоционални компетенции, тврди тој, исто така играат особено важна улога и на работното место.

Емоционалната интелигенција не е толку мерлива како коефициентот на интелигенција (IQ) па затоа, традиционално, IQ носи поголема тежина.

 

Емоционалната интелигенција (EQ) е капацитет за разбирање и управување со вашите емоции и може да се смета како способности на поединецот да биде:

1. Самосвесен: опфаќајќи го нашето знаење за себе и способноста да се препознаеме и разбереме себеси, нашите однесувања и нашите емоции.

2. Самоуправуван и саморегулиран: опфаќајќи ја нашата способност да ги контролираме нашите емоции, а потоа и нашите одговори.

3. Самомотивиран: опфаќајќи ги нашите внатрешни ресурси да бидеме водени, да перформираме, да дејствуваме и да ги постигнуваме целите.

4. Емпатичен: опфаќајќи ја нашата способност да ги разбереме и да сочуствуваме со другите, да ги разбереме нивните емоции за потоа да се однесуваме кон нив поефективно.

5. Релационен: опфаќајќи ја нашата способност да градиме и одржуваме врски и мрежа на луѓе, да бидеме лидери, да управуваме со конфликти и да работиме со другите.

 

Работата, животот и кариерата можат да бидат сериозно засегнати од EQ. Работните места се релациони средини. Обично, тие се сад во кој се измешани различни карактери, вештини, јаки страни и емоции, а меѓу сите нив се наоѓа целта на бизнисот.

Со глобализацијата, емоционалната интелигенција е поважна од кога и да било претходно бидејќи тимовите се крос-културни и глобални, зголемувајќи ја комплексноста на интеракциите на емоциите и начинот на нивно искажување. Во суштина, EQ на работните места се сведува на разбирање, изразување и менаџирање, одржување на добри односи и решавање на проблеми под притисок.

Голман посочи дека иако традиционалната интелигенција е квалитет поврзан со успехот во лидерството, самото тоа не е доволно. Луѓето кои се успешни на работа не се само паметни – тие исто така имаат и високо количество на емоционална интелигенција.

Вработените со повисоко ниво на EQ обично подобро и поефикасно се справуваат на работното место. EQ им овозможува да градат и водат успешни тимови, да бидат агилни и одговорни кога тоа ќе биде потребно. Затоа, тие се успешни.

EQ е широко призната како вредна вештина која помага во подобрување на комуникацијата, управувањето, решавањето на проблеми и односите во рамките на работното место. Постојат бројни лекции што треба да се преземат од емоционалната психологија со цел да се подобри ефикасноста и да се поттикнат поголеми емоционални компетенции за подобрување на перформансите во работата и успехот во кариерата.

 

 

Доколку сакаш да си дел од HR заедницата и да бидеш промената што сакаш да ја видиш во светот, тогаш нема подобро време од сега!

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!