Запознај ја Сара Кочовска – алумни студент на Академијата за графички дизајн која покажа одлични перформанси за време на предавањата.

Како еден од најпопуларните проекти на кои таа има работено е Победничкото решение од 48 часовниот хакатон за компанијата BAK 2021.

По завршувањето на Академијата, Сара започна да работи во маркетинг агенцијата Brand Union како junior graphic designer, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини од областа на графичкиот дизајн.

 

Си поразговаравме со Сара за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Сара, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите. Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, јас сум Сара, имам 24 години и доаѓам од Велес. Дипломиран архитект инженер и по завршувањето на Академијата можам гордо да кажам дека ја носам и титулата на графички дизајнер. Имам 3 кучиња, така што секој ден ми е доста активен. Голем tv show и movie buff сум, супер комбинација бидејќи поп културата и графичкиот дизајн се доста поврзани. 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Фактот дека од многу мала патував со татко ми и бев изложена на секаква уметност ми го привлече вниманието кон светот на дизајнот. Ова прво се манифестираше во желба да дизајнот го учам преку архитектура, и потоа се прошири кон графичкиот дизајн. 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките? 

Прво преубаво си поминав. Запознав колеги и инструктори од кои до ден-денес учам и сум горда што ги познавам. Секако дека предизвици имаше, кога нешто работиш со љубов и страст сакаш секој аспект да е перфектен. Менторите најдобро нѐ спремија како да се справиме со секакви предизвици при изработка на проекти.

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Една од вештините е конзистентност, дури и кога немав идеи и се чувствував заглавено пробував да најдам начин како да поминам низ тоа и да стасам до креативно решение. Исто така и компромис при работа во тим и трпение дека секој процес е различен и секој проект има посебна динамика и потреба.

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во маркетинг агенцијата Brand Union. Раскажи ни како изгледа работен ден?

Во моментов сум вработена во Brand Union како Junior Graphic Designer. Секој ден ми е различен, цело време нешто ново учам. Моите колеги ми помагаат да се вклопам и секое мое прашање е одговорено. Самодовербата ми е секој ден поголема во дизајните што ги работам и нивото на квалитет и труд што го посветувам на нив.

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Дизајнот е насекаде околу нас. Колку и да е cliché реченицата има голема вистина во нејзе. Сите продукти што ги користиме се нечиј дијзан како решение на некоја потреба да се изведува на лесен и ефикасен начин. Дизајнот не е само нешто да се направи убаво да изгледа, пред сѐ е функционалност, па потоа естетика. 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

За 5 години себеси се гледам како работам за компанија која ќе ми овозможува да соработувам со луѓе од кои ќе можам да учам нови работи за овој бизнис. И евентуално, би сакала да имам уддел во донесување на креативни одлуки.

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?

Неколку години пред да дипломирам дознав за Brainster и нивната Aкадемија за графички дизајн. Со сите што разговарав само позитивни искуства споделуваа. Веќе стекнатото знаење од факултет ми беше добра потпора. Затоа кога дипломирав знаев дека следниот чекор е да се запишам на Aкадемијата. За сите што се пронаоѓаат во ова поле би ги советувала воопшто да не се мислат и да се запишат. Убавината на оваа професија е тоа што секој може својот стил и гледање на светот на уникатен начин да го покаже и при тоа да допринесува позитивно на околината.

 

На Академијата за графички дизајн постојано работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Доколку сакаш да станеш дел од успешните приказни на нашите студенти и да ги надградиш своите знаења и вештини, закажи информативен разговор со нашиот тим.

Уписите се започнати, резервирај го своето место навреме!