Моето Brainster искуство – Ибрахим Исмаил

Запознај го Ибрахим Исмаил – студент на нашата Академија за Front-End програмирање, кој се реши да направи кариерна трансформација и да научи повеќе за креирањето на веб страниците.
Студент: Ибрахим Исмаил
Академија: Академија за Front-End програмирање
Професија: Пекар
Од првиот час на Академијата паметам: Ги паметам колегите кои доаѓаа од различни области и нивната мотивација да го променат животот, исто како и јас.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Има светла иднина во светот денес бидејќи секаде е застапена технологијата.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Јаваскрипт.
После предавањата секогаш: Ги решавам задачите и пребарувам на Google и YouTube повеќе за материјалот.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Меморизирањето на сите елементи, нивните атрибути и функции.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Постојано да учам нови работи, како и да го надградувам своето знаење со нови технологии.
Оваа област за мене значи: Градење на кариера во една од најбараните професии во ИТ светот, како и промена на целиот мој животен стил.
Во слободно време: Возам точак.
Сакам да читам: Популарна психологија и мотивациони книги.
Сакам да гледам: Хорор
Омилен цитат: „Go the extra mile!“
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.
На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!