Марко Ивановски е Head of Digital во агенцијата Cherry Cannon Creative Studio, а воедно инструктор и ментор на нашата Академија за дигитален маркетинг кој го предава модулот Social Media Advertising.
„Просечното дневно време поминато во користењето на социјалните мрежи на просечен корисник е 2 часа и 29 минути. Сѐ уште се размислуваш за кариера во дигитален маркетинг?“ – вели Марко
Во продолжение, Марко ни откри што се учи на модулот кој тој го предава, како и совети за успешно совладување на истиот
1. Здраво Марко, ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за идните студенти?
Здраво на сите! Јас сум Марко Ивановски и сум дел од менторскиот тим на Brainster скоро 2 години и го водам модулот Social Media Advertising во склоп на Академијата за Дигитален Маркетинг. Моментално работам во Cherry Cannon Creative Studio од Скопје на позиција Head of Digital.
2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш?
Го предавам модулот Social Media Advertising во склоп на Академијата за Дигитален Маркетинг. Во рамки на овој модул учесниците ќе се запознаат и ќе ги изучат следните теми:
– Запознавање со социјалните медиуми Facebook & Instagram и детална анализа на сите опции и карактеристики што ги нудат тие медиуми и начини како би ги искористиле во секојдневното работење и градење на online присуство на вашиот бренд.
– Запознавање со Meta Business Suite и различни начини на креирање на постови и креирање на календар за истите.
– Запознавање со Business Manager и Facebook Ads Manager како алатки кои се користат за креирање и оптимизирање на реклами. Сеопфатна анализа на сите опции кои се нудат и како најдобро да се искористат, сѐ со цел да се добијат што подобри резултати.
– Кои активности треба да се направат во Pre-campaign launch фазата и изучување на целиот процес чекор-по-чекор на создавање кампања преку теоретски и практичен дел.
– Креирање Meta Pixel и објаснување зошто служи, односно кои информации ги носи до нашиот Facebook Ads Manager.
– Детално запознавање со Facebook Ad Objectives – поистоветување со маркетинг инката.
– Чекор по чекор создавање на Ad Set/Ad и open targeting.
– Креирање на публики кои во иднина е неопходно да се користат во процесот на ре-таргетирање.
– Студентите во текот на часовите пуштаат реална реклама за нашите Learning партнери со претходно добиен Brief и насоки за тоа која е целта на кампањата, колкав е буџетот, времетраење на кампањата и слично.
3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?
Една од најважните работи за мојот модул и целосно совладување на материјалот е редовноста на часовите, бидејќи модулот е создаден на тој начин да секој час учиме нешто ново, но секако е поврзано со материјалот од претходно. Исто така, миксот на теоретски и практичен дел дава можност да имаме интерактивни часови кои знаат да траат и подолго, сѐ со цел да дадам одговор на сите прашања на студентите.
Студентите на мојот модул ќе се запознаат со „другата“ страна на социјалните мрежи, односно ќе се запознаат со делот на креирање реклами кои можат во иднина да ги искористат за градење на свој бренд или продукт. Мој совет до сите студенти е слободно да прашуваат сѐ што не им е јасно, бидејќи нема друг начин како да го совладаат материјалот. Убавината на дигиталниот маркетинг е можноста да учиме едни од други и преку различни искуства од различни области, да напредуваме заедно. Don’t worry, nobody can steal your knowledge!
4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
- Ask, ask, ask!
- Be Consistent!
- Create Engaging & Interesting ads.
- Connect with your audience better.
- Take advantage of video content!
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!