Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Мила Павловска – Digital Marketer во маркетинг тимот на Brainster и Brainster Next College.
Како личност на којашто креативноста и окото за детали и се едни од појаките страни, улогата на креирање и управување со контентот за Brainster Next College совршено ѝ прилега, а хибридноста, флексибилноста и соработката ги издвојува како најдобрите квалитети во Brainster.
Дополнително, таа е алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, која уште за време на предавањата се придружи на нашиот тим.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира.
Здраво Мила, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Здраво! Како дел од маркетинг тимот на Brainster, вклучена сум во неколку маркетинг активности, но најголемиот фокус ми е насочен кон контент стратегијата на Brainster Next College – првиот практичен ИТ факултет во Македонија кој нуди акредитирани 3-годишни додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации, иии…stay tuned за да дознаете која ќе биде новата студиска програма која ќе ја лансираме многу наскоро!
Со тоа што главниот фокус ми е насочен на креирање на контент стратегијата, секојдневните обврски ми се содржат од управување со контент календарот, истражување, copywriting и смислување на нови идеи и креирање на контент за блогот на Brainster Next College – Медија.
Дополнително, како дел од моите обврски се и активностите поврзани со SEO и промени и ажурирање на веб-страниците на brainster.co, online.brainster.co и next.edu.mk.
Сумирано, двете работи коишто ми беа најпривлечни, најинтересни и во коишто најмногу се пронајдов уште додека бев студент на Академијата за дигитален маркетинг, се токму оние кои го исполнуваат најголемиот дел од моето работење.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Digital Marketer?
За разлика од повеќето од моите колеги, јас не сум coffee addict. Но, секако дека понекогаш ми треба одредено количество на кофеин за да го започнам денот со целосен фокус и најчесто се случува денот да ми започне со топла шолја зелен чај. Потоа, пред да започнам со работа, практикувам да поминам најмалку половина час читајќи добра книга за потоа да можам да ги посветам наредните часови во изразување на целата своја креативност.
Работата ја започнувам со запишување на сите таскови коишто треба да ги завршам во текот на денот, притоа правејќи и нивна приоритетизација и, се фаќам за работа.
Секако, со тоа што маркетингот спаѓа во една од најдинамичните професии, понекогаш се појавуваат и непланирани таскови од коишто научив дека само со добра организација и координација со колегите можам да уживам во извршувањето на секоја обврска и во различните предизвици и динамичноста на работата. Ова го прави маркетингот вистинската професија за мене како личност која сака да си има одредена рутина во текот на денот, но не секој ден да биде ист и монотонен.
Што правиш во слободно време, надвор од работните обврски?
По завршувањето на работниот ден, бидејќи претходно поголемиот дел од денот сум го поминала пред компјутер, се трудам да извежбам дома барем 30-45 минути. Исто така уживам во времето поминато со фамилијата и пријателите, особено со добар разговор и неколку партии јамб, а најомилениот период во денот ми е дефинитивно времето поминато со мојот 4-годишен внук Матеј и 4-месечната внука Софија.
Како човек што сака постојано да учи нешто ново, од неодамна изразив желба да се насочам и кон графичкиот дизајн, па така дел од моите обврски надвор од работното време вклучуваат дополнително учење.
И, секако, да не го заборавам и мојот 12-годишен крзнен пријател со кој некогашните долги прошетки, сега се претворени во долги гушкања и галења во вечерните часови.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Дефинитивно како прво нешто би го издвоила хибридниот и флексибилниот начин на работење. Слободата да можам сама да одберам од каде сакам да работам и во времето во коешто јас се чувствувам најпродуктивна ми овозможува со леснотија да си го избалансирам приватниот и професионалниот живот.
Настрана од ова, тука би спомнала и уште една придобивка од работењето во Brainster. Можеби и многумина веќе знаат дека Brainster е pet friendly компанија во која секојдневно може да се најде некој најдобар крзнен пријател на моите колеги. А, јас како личност што обожава животни, целосно уживам во нивната придружба и често дружбата со нив ми помага да направам добра пауза и да се одморам. Има денови и кога сите колеги кои доаѓаат во канцеларија ќе одлучат да си ги остават дома своите кучиња, па за среќа тука ја имаме и маалската мачка Сара којашто ужива во нашата дружба, и секако, во храната која ѝ е достапна постојано.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Убавото кај Brainster е што секој од вработените се труди да придонесе во доброто на компанијата како целина, но и кај секој вработен посебно. Кај нас нема да наидете на стриктна поделба по сектори или пак по функции. Без разлика на годините и работното искуство, секој е подготвен да го сподели своето знаење и да научи нешто дополнително од другите. Би го издвоила и посебниот начин на кој Brainster се грижи за благосостојбата и надградувањето на своите луѓе, начинот на кој нè прави да се чувствуваме дека сме значајни и дека секое наше мислење е ценето и слушнато.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.