Виктор Петковски е нашиот нов инструктор на Академијата за Software Testing кој го предава модулот за Автоматско тестирање.

Тој е Senior Quality Assurance Engineer, со долгогодишно искуство во ИТ индустријата и работи во Seavus – дел од Aricoma Group. Насочен во техничките сегменти и целосната инфраструктура на еден софтвер.

 

Во продолжение, запознај го Виктор – инструктор на нашата Академија за Software Testing

 

Име и презиме: Виктор Петковски

Академија: Академија за Software Testing

Модул: Автоматско тестирање

Професија:  Software Testing Engineer         

Искуство: 8 години

Зошто баш Software Testing: Не постои добар софтвер без негово тестирање и верифицирање на квалитетот низ разни сценарија. Просторот за креативност и предизвикувањето на можностите на самиот софтвер (тестирање на капацитет, оптеретеност, разни платформи, можни безбедносни пропусти) е предизвик и слобода на изразување што ретко се наоѓа.

Хоби: Спорт и музика.

Омилена книга: 1984 – George Orwell

Омилен цитат: A reader lives a thousand lives before he dies.“