Проектните и продукт менаџерите се скриените херои на модерните компании. Скоро сите значајни нови иницијативи во секоја организација започнуваат како проекти.
За сите оние кои се заинтересирани да ги развијат или усовршат своите лидерски вештини, активно да се вклучат во проектната работа и на крај да ја преземат улогата на проектен менаџер, ова е одличен начин да ги остварат своите цели.
Ја составивме нашата листа на најпопуларните вебинари за Project & Product Management изминатиов период, за кои бројките покажаа дека се најгледани, најинформативни, забавни, но и од големо значење за сегашните и идните студенти на Академијата за Project & Product Management.
Преку овие вебинари ќе се информираш повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на менаџментот на проекти и продукти, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, кои вештини се потребни за да се биде успешен проектен или продукт менаџер, како и предизвиците со кои ќе се соочиш на работното место.
Во продолжение, најпопуларните вебинари за Project & Product Management на Brainster:
1. Кариерниот пат на еден Product Manager
Како изгледа кариерниот пат на еден Product Manager? Кои се обврските и предизвиците со кои се соочува и што всушност претставува кариера во оваа област? Дознај го одговорот на овие прашања од Ана Јованова – дипломиран Електро инженер со 23 годишно работно искуство во областа на IT!
2. Како до започнеш кариера во Project Management?
Дали си човек кој сака да соработува со други луѓе, да ги усоврши своите лидерски вештини и константно да испорачува вредност на компанијата заедно со својот тим? Доколку одговорот на овие прашања е „да” тогаш Project & Product Management е вистинскиот кариерен пат за тебе. Дознај како да започнеш кариера како Project или Product менаџер од Олга Пујаз Петрушевска – дипломиран машински инженер со 10 годишно работно искуство во областа на Project Management.
3. Зошто Project & Product Management е вистинската професија за мене?
Дали си љубопитен набљудувач на светот околу тебе и понекогаш се прашуваш како може нештата подобро да функционираат? Дали си човек кој сака да соработува со други луѓе, да менаџира различни задачи и да превзема одговорност за своите постапки, но и за постапките на тимот? Доколку сметаш дека поседуваш некоја од овие карактеристики тогаш можеби си на добар пат да станеш Проектен или Продукт Менаџер. Дознај повеќе од Огнен Трипуноски и Олгица Стрезоска – врвни професионалци и инструктори на нашата Академија за Project& Product Management.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на проекти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!