Ива Дујак е партнер и технички директор во маркетинг агенцијата Brand Union, а воедно и инструктор на нашата Академија за дигитален маркетинг.

Секој од модулите има посебно значење – од поставување на многу потребните основи за размислување и функционирање како маркетер, до запознавање со најновите трендови за креирање содржина која е релевантна и привлечна за целната публика. – вели Ива

 

Во продолжение, Ива ни откри што се учи на модулите кои таа ги предава, како и совети за успешно совладување на истите

 

1. Здраво Ива, ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Здраво! Јас сум Ива – доктор на науки со специјализација за маркетинг, а воедно технички директор и партнер во маркетинг агенцијата Brand Union.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулите кои ги предаваш?

Во текот на Академијата за дигитален маркетинг заеднички ќе поминеме низ повеќе модули – од основи на маркетинг и маркетинг mindset, до content marketing strategy и visual storytelling. Ќе ги совладаме основите на размислување како маркетер, ќе научиме како да им пристапиме на работите од една поинаква перспектива на раскажување на приказни и како да креираме содржина која носи резултати.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

Веројатно она што го спомнувам на почетокот на секоја нова група на Академијата – не се плашете да прашувате и да отварате дискусии. Предавањата на Академијата се поставени така да секој има простор да се вклучи, да добие појаснување за тоа што не му е јасно или само да дознае повеќе за темата која го интересира. Љубопитноста, читањето и подлабокото запознавање со темите за кои зборуваме и надвор од наставата се чекори кои сигурно ќе донесат супер резултати. 

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  • Останете гладни за знаење – читајте, вежбајте, разговарајте со инструкторите и соучениците. Присуството на предавањата е само почетокот.
  • Нема погрешни прашања – отворено зборувајте за сè што ви е нејасно, само така ќе бидете сигурни дека до крај ја разбирате сржта на тематиката која ја совладувате.
  • Бидете упорни – на моменти можеби сè ќе ви изгледа интензивно, но конзистентноста на долг рок е тоа што носи големи резултати.
  • Пронајдете што ве движи напред – академијата ве запознава со сите аспекти на дигиталниот маркетинг, пронајдете која е најинтересната сфера за вас и дадете сè од себе да извлечете максимум од неа.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!