Академијата за дигитален маркетинг е вистинскиот избор за оние кои сакаат креативна работа полна со предизвици

Нина Петрова е алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, а воедно и Dream Team студент за месец ноември 2022 година.

Нејзината посветеност и дисциплина, резултираа со ново работно место на практикантска позиција како дигитален маркетер во компанијата Dillali.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Нина за нејзиното искуство

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, јас сум Нина! Имам дипломирано лингвистика и маркетинг. За себе можам да кажам дека сум дружељубива личност која сака да истражува и постојано да учи нови работи.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Затоа што дигиталниот маркетинг е креативна професија којашто нуди многу можности за секојдневно учење и надградување, како и опции за тимска или соло работа.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Можам слободно да кажам дека Академијата ги надмина моите очекувања во позитивна смисла. Менторите беа многу пријателски поставени, а со тоа и стекнувањето на нови знаења и вештини беше забавно и опуштено. Исто така, Академијата ни овозможи работа на реални проекти, учество на хакатони кои за сите нас беа голем предизвик.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Редовно ги следев предавањата и навреме ги изработував сите задачи кои ми беа зададени. Можам да кажам дека најголем предизвик ми беше завршниот проект, во него го вложив сето знаење и искуство кое го стекнав на Академијата, и бев задоволна од позитивните коментари на менторите.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули ми беа интересни на свој начин. За најомилен модул би го издвоила: Copywriting со менторот Трајко Џиков затоа што на тој модул научив да размислувам out-of-the-box и да барам различни пристапи за една тема. На крај, би кажала дека сите ментори се супер и умеат на интересен начин да го пренесат своето знаење.

 

На самиот крај од Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како практикант во компанијата Dillali. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

По препорака на Brainster бев повикана на интервју во Dillali. Ги поминав успешно интервјуата коишто следеа и ја започнав мојата маркетинг кариера како практикант.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Моите работни задачи вклучуваат менаџирање на социјалните медиуми и создавање на контент содржина за блог постови. 

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Оваа Академија ја препорачувам на сите оние коишто сакаат да се надградуваат, сакаат да започнат со нова професија, или сакаат креативна работа полна со предизвици.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Trending Stories That Might Interest You