Моето Brainster искуство – Анета Митрулова

Запознај ја Анета Митрулова – студент на нашата Академија за Project & Product Management, која реши да го искористи периодов продуктивно и да научи како се менаџира со одредени проекти и продукти.
Студент: Анета Митрулова
Академија: Академија за Project & Product менаџмент
Професија: Content writer
Од првиот час на Академијата паметам: Jа паметам позитивната енергија и слободата на однесување кај моите колеги. Се сеќавам дека Маријана и нејзиниот пријателски пристап придонесоа за сите да се опуштиме.
Се решив да го искористам периодов продуктивно и да научам: Како да менаџирам со проекти и продукти во една компанија.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Имам страст кон менаџментот како професија и се гледам себеси во иднина како Проектен менаџер.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Каде практично ќе ја примениме теоријата која во моментов ни се предава.
После предавањата секогаш: Сум среќна и исполнета затоа што го добивам токму тоа за кое и се запишав на Академијата. А исто така, убавата енергија и текот на часовите многу ми се допаѓа.
Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Ништо бидејќи точно знаев што сакам. Со нетрпение го очекував почетокот.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Веднаш да го применам наученото.
Оваа област за мене значи: Нов почеток и нешто за кое долго време сонував да си го овозможам.
Во слободно време: Читам книги на тема проектен и продукт менаџмент.
Сакам да читам: Книги, статии, блогови и сето она кое ќе придонесе за подобро да го разберам она коешто го учам.
Сакам да гледам: Серии.
Омилен цитат: „Никогаш не се откажувај. И најголемото знаење на светот е дека ништо не се случува без акција.“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек!
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!