Александар Јолакоски е инструктор и ментор на нашата Академија за Full-Stack програмирање кој ги предава модулите за бази на податоци, PHP, OOP, JavaScript, jQuery & Laravel.

Тој е Senior Developer во Quantоx, а воедно и дипломиран програмски инженер, кој има работено на повеќе позиции на различни проекти, за клиенти ширум светот и има богато искуство – повеќе од 10 години.

 

Во продолжение, Александар ни откри што се учи на модулите кои тој ги предава, како и совети за успешно совладување на истите

 

1. Здраво Александар, ние на Академијата за Full-Stack програмирање те познаваме, но што би споделил за идните студенти?

Работам како Full-Stack web developer повеќе од 10 години. Сега сум Senior Developer во Quantоx. Силно ја сакам оваа професија бидеќи работите толку динамички се менуваат што едноставно и после толку време не престануваш да учиш и да се надградуваш, па оттука никогаш и не ти здосадува. Во Brainster сум веќе 4 години и предавам на повеќе модули како: Бази на податоци, GIT, PHP, Објектно ориентирано програмирање, JavaScript, jQuery и Laravel framework.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш? 

  • Бази на податоци – на овој модул студентите ќе научат како да препознаат кои податоци треба да ги чуваат од барањата за апликација на клиентот, да исцртаат ЕР диаграми и да ја креираат базата на податоци. На крај, го завршуваат модулот со изучување на SQL.

  • PHP – кога веќе ќе научат студентите да прават статични страници, на овој модул ќе научат како нивните сајтови да станат подинамични со размена на податоци меѓу корисникот, серверот и базата на податоци. Со овој модул ќе научат како да земаат податоци од HTML формите, да ги обработат, да ги запишат или прочитаат од база, и повторно така обработени да ги сервираат на клиентот.

  • Објектно ориентирано програмирање – е имплементирано во многу програмски јазици, но тука фокусот е ставен на OOP во PHP. Се изучуваат класите и објектите и 4-те концепти: encapsulation, abstraction, inheritance and polymorphism.

  • JavaScript – е еден од најпопуларните јазици во светот. Тој е моќен и разноврсен, а со HTML и CSS ја формира основата на модерниот веб-развој. На овој модул ќе се изучи како да се додаде динамика на сајтот на клиентската страна и како преку асихроните повици да се разменуваат податоци со API.

  • jQuery – е богата со функции JavaScript библиотека. Ги прави многу поедноставни нештата како што се манипулацијата со HTML документи, ракувањето со настани, анимација и Ajax.

  • Laravel framework – e најпознат и најкористен framewоrk за PHP. Тука ќе се научи како со негова помош може на многу поедноставен и побрз начин да креираме PHP веб страници.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

Учете постојано за да бидете во тек со материјалот. Правете ги задачите за да научите, а не само за да ги испратите и да добиете поени. На Академијата предаваат одлични инструктори со многу големо искуство. Преку нашите совети и вашите прашања ќе може да добиете многу поголемо знаење за многу кратко време. Не се срамете да прашувате и најважното – користете го секое слободно време тоа што го учите теоретски да го пробате и практично. Така најдобро се учи.

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  1. Learn by doing and practicing. Not just by reading.
  2. Read the error message carefully.
  3. Share, discuss and ask for help.
  4. Don’t leave a gap in your learning.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full-Stack програмирање.

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!