Запознај го Горан Јовановски – алумни студент на Академијата за Software Testing, кој се одлучи да направи кариерна трансформација во полето на Software Testing.

По комплетирање на програмата, тој ја започна својата кариера преку платформата uTest како Software Tester.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Горан за неговото искуство

 
Здраво Горан, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво, јас сум Горан Јовановски и имам 24 години. Живеам и работам во Германија. Исто така, сум и студент на Академијата за Software Testing кој успешно ја комплетираше програмата. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ви благодарам. Академијата е интензивна и бара голема посветеност. Можам да кажам дека Brainster е правиот избор бидејќи имаш можност навистина да научиш, пред сѐ со перфектниот избор на врвни инструктори. Исто така, поради програмата која е направена, бројот на часовите, како и домашните задачи.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Сметам дека работењето на реални проекти е клучно нешто за почеток на кариера бидејќи се сретнуваш навистина со тоа што ќе го работиш во иднина.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е платформата uTest. Сподели ни повеќе информации за оваа платформа.

Платформата на која работам се занимава со тестирање на различни страници како што се: Samsung, Zara, Bershka и сл. uTest е веб страница каде што може секој тестер да се регистрира, да ги усоврши своите знаења и да изгради искуство, за по одреден временски период да се претстави во некоја друга компанија како искусен софтвер тестер.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна позиција е работа на проекти од мануелни тестови, кои клиентите секојдневно ги испраќаат на секој од нас и содржат тест сценарија и репорти на дефекти.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Мојата обврска е да составам тест сценарија и да пронаоѓам багови на една одредена веб страница. Од алатки, користам специјализирана програма која ја имаат тие самите зададено и правиме секаков вид на тестирање, во зависност од потребата на клиентите.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам! За оние кои сакаат да ја променат својата кариера, би ги советувал да не чекаат и да се запишат веднаш на Академија, бидејќи немаат што да изгубат, освен да добијат знаења за прекрасни професии кои ги нуди ИТ секторот.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!