Запознај го Адам Брајаноски – студент на нашата Академија за Front-End програмирање, кој се реши да ги надгради своите знаења и вештини од областа на програмирањето.

 

Студент: Адам Брајаноски

Академија: Академија за Front-End програмирање

Професија: Графички дизајнер

Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со предизвиците што ме чекаат. Исто така, возбудата со тоа што ќе почнам да изучувам програмирање.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Секогаш сум имал интерес за web development, исто така, е перфектен спој со графичкиот дизајн.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Јаваскрипт

После предавањата секогаш: Си повторувам работи кои не ми биле јасни при предавањето.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Јаваскрипт

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да креирам, да соработувам и да бидам присутен во големи проекти.

Оваа област за мене значи: Можност и прилика што ќе ја добијам за да се надградувам во една од најбараните области на ИТ секторот.

Во слободно време: Гејмам, пешачам и уживам.

Сакам да читам: Астрономија

Сакам да гледам: Документарци и YouTube видеа.

Омилен цитат: “Just keep moving forward.“

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!