Елена Диновска Зарапчиев е наш инструктор на Академијата за графички дизајн, а воедно и фриленс графички дизајнер со работно искуство повеќе од 11 години. Таа работи за клиенти од Финска, Америка, Швајцарија, како и за локални македонски брендови.
Исто така, таа е креативен директор на фестивалот Ехо и има свој бренд за дизајнерски лампи.
Запознајте ја Елена – инструктор на нашата Академија за графички дизајн
Име и презиме: Елена Диновска Зарапчиев
Академија: Академија за графички дизајн
Модул: Растерска графика и постпродукција – Photoshop
Професија: Графички дизајнер
Искуство: 11 години
Зошто баш графички дизајн: По вокација сум дизајнер на ентериер, но со графички дизајн се запознав случајно при работа како сценогаф и сет дресер на филм. Оттогаш таа професија ме маѓепса и уште сум под таа магија.
Хоби: Adrenaline junkie. Обожавам планински спортови, тоа ми е голем дел од животот и карактерот. Качување карпи, треил ран, возење точак, сноуборд и сплитборд… Листата оди и натаму.
Омилена книга: The picture of Dorian Gray – Oscar Wilde
Омилен цитат: Немам омилен, но ги сакам зборовите и делата на Jenny Holzer.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!