Ана Тодоровска е инструктор на нашата Академија за графички дизајн и го предава модулот техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми.

Таа е графички дизајнер со 16 годишно работно искуство и дел од креативниот тим на маркетинг агенцијата Идеа Плус.

 

Во продолжение, Ана ни откри што се учи на модулот кој таа го предава, како и совети за успешно совладување на истиот 

 

1. Здраво Ана, ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Здраво! Јас сум Ана Тодоровска – графички дизајнер со 16 години работно искуство, а 13 години дел од креативниот тим на маркетинг агенција Идеа Плус. Ментор на модулот „Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми“.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш? 

Со мене, студентите ќе се запознаат на модулот Техничка подготовка на печатени и дигитални медиуми. На овој модул се изучува софтверот Adobe InDesign, но покрај алатките и палетите од софтверот, се изучува постапката за дизајнирање на публикации, начинот на подготовка за печатење на готовите проекти и нивна дигитална објава.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

Фокус, посветеност, редовност, мнооогу вежбање и работа.

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  • Инспирација барај во сѐ околу себе.
  • Реди сложувалки за да вежбаш полесно да доаѓаш до комплетни графички решенија.
  • Додека дизајнираш секогаш оставај доволно празен простор околу елементите, на дизајнот му треба да „дише“.
  • Ако имаш креативен блок за некој проект, не застанувај, продолжи со друга креативна работа, па врати по одредено време на проектот.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!