Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе се запознаете со Емилија Шопова, дел од тимот на финансии и администрација на Brainster.

Емилија работи посветено и фокусирано на студентите во однос на административни и финансиски прашања, консулатации и барања, како и нивно навремено алоцирање и решавање. Ни сподели дека индивидуалниот пристап и грижата за студентите се една од клучните вредности на Brainster, кон која се стремат сите тимови во компанијата.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Емилија, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Здраво и од мене. Како тим се грижиме за сите административни и финансиски обврски, како кон студентите така и кон вработените во Бреинстер. Конкретно, мојата позиција е фокусирана на студентите на Академиите од административен и финансиски аспект, односно сѐ она што вклучува: договори, анекси, фактурирање, комуникација, следење на уплатите од истите, како и спроведување на најразлични анализи, потребни за понатамошни истражувања на нашиот или другите тимови во Бреинстер.

 

Како изгледа еден типичен ден во тимот на финансии и администрација?

Во принцип сум ранобудник и денот го започнувам со шолја топол чај или свежо исцеден лимон со ѓумбир. И покрај флексибилноста која ни ја нуди компанијата за работа, најчесто сум во канцеларија уште рано наутро, почнувајќи го денот со кафе/чај со колегите во кујна и старт на работните обврски. Иако навидум работните задачи на секторот изгледаат монотони и повторувачки, сепак е сосема спротивно, со оглед на огромниот број на студенти, инструктори и вработени со кои работиме.

Динамиката во решавање на секоја задача е во индивидуалниот пристап кон секој студент. Максимално сме посветени на секојдневна комуникација со студентите во однос на нивни барања, консултации и секако поддршка. Базирано на законските обврски и нашите интерни практики имаме различен интензитет на работа и обврски во различен период од месецот. Главно работниот ден го поминувам во процесирање на административните документи на студентите, комуникација и адресирање на нивните потреби во однос на фактури, ратите и начините за исплата на истите. Постојана координација и синхронизација со тимот за решавање на секојдневни задачи и предизвици.

И секако, во склоп на дневните обврски овде е и конекцијата со другите тимови, особено со тимот на Student Success и Student Admission, со кои сме тесно поврзани, бидејќи заедно сме фокусирани на истите студенти само низ различен сектор.

 

 

Што правиш во слободно време, надвор од работните обврски?

Заљубена сум во природата! Обично се трудам да ги користам викендите и слободните денови за прошетка, планинарење, истражување на некој планински врв, ново место или едноставно седење покрај некој убав видиковец и препуштање во моментот, звуците и убавината на природата. Сакам да патувам и посетувам нови места, особено топли места. Омилена дестинација ми е Барселона, која во комбинација со својата уникатна храна, архитектура, уметност и музика мислам дека никогаш не би ми здосадила.

Како мала, краток период тренирав тенис, и до ден денес ги следам годишните Grand Slam турнири, па кога наоѓам време рекреативно, сакам да поминувам време на терените. Исто така, знам да седнам со татко ми и да ги гледам и навивам за нашите ракометари.

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Флексибилноста која ја нуди Бреинстер е од исклучително значење за одржување на баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Добро знаеме да ги искоординираме работите и приоритетите, па така понекогаш знаеме и да заглавиме на работа за да завршиме некоја временски прецизирана задача, но потоа да го компензираме тоа со слободно време за одмор. Овде би ја спомнала поддршката и мотивацијата што ја имаме внатре во тимот, без која не би биле тоа што сме и која ја доживувам како нешто бесценето!

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Иако сум неполна година во Бреинстер, сепак можам со сигурност да кажам дека има нешто посебно во компанијата. Некоја посебна енергија, синергија меѓу колегите која ретко се постигнува и чувствува во денешните работни средини. Вредностите на компанијата се уникатни, кон кои се стремиме сите, секојдневно да ги негуваме и подобруваме. Континуирано учиме и се надградуваме, не само за да можеме да работиме, туку учиме за да знаеме, за да можеме да комуницираме и да бидeме тоа што сме.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.