Запознај ја Тијана Цресензи – студент на Академијата за UX/UI дизајн, а воедно и Dream Team студент за месец ноември 2022 година.

Нејзината желба да научи нешто ново, како и максималната посветеност, резултираа таа да ја започне својата кариера уште пред да ја заврши Академијата и да биде дел од компанијата Anant Macedonia како UX/UI дизајнер.

 

Дознај повеќе што ни раскажа Тијана за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Ви благодарам! Јас сум Тијана, голем фанатик на јазици, литература и дизајн. Многу сакам природа, добро друштво и добра музика. Инаку сум дипломиран професор по француски јазик и книжевност. 

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Се одлучив за оваа професија бидејќи е совршена спојка помеѓу аналитика и креативност, сфери во коишто се пронајдов еднакво и сакам да се развивам понатаму. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

И многу повеќе од тоа. Искрено, не очекував дека за значително кратко време ќе научам толку многу, дека ќе ми биде многу забавно низ процесот и дека ќе запознам толку прекрасни луѓе.

 

Какво е твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Уште кога стана официјално дека ќе ја следам Академијата, едвај чекав да почнам. Бев премногу возбудена бидејќи сфатив дека тоа е тоа, јас сум за оваа професија. И тоа чувство сѐ уште ме следи, бидејќи сѐ уште сум студент. Најголем предизвик ми беа реалните проекти и хакатоните, и многу се грижев како ќе се одвиваат и дали ќе успеам да доставам солидни решенија. Но, сето тоа се надминува со добар план и организација, истражување кое доведува до добра стратегија што понатаму ќе го поткова и добриот дизајн.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Би го издвоила модулот Алатки кај инструкторот Мартин Теновски, бидејќи тогаш за прв пат почнавме да дизајнираме во Figma, момент што нетрпеливо го чекав во предходните модули. 

 

Сѐ уште си студент на Академијата за UX/UI дизајн, а веќе започна да ја градиш својата кариера како UX/UI Дизајнер во компанијата Anant Macedonia. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Во сосема неочекуван период ми се укажа оваа прилика, додека сѐ уште сум студент на Академијата. Но сепак, си реков на себеси дека нема да ја пропуштам приликата и дека ќе го прифатам предизвикот. Со доволно верба во себе, труд и упорност сѐ се постигнува!

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Како доста млад член во тимот, полека се адаптирам на работните навики и темпото на работа. Генерално работиме со Figma, но користиме додатни алатки зависно од потребите на проектите.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Ги охрабрувам сите оние што размислуваат дали ќе постигнат да ја следат Академијата поради работни/семејни/останати обврски… Не се откажувајте од вашиот сон и желбата за знаење. Во мојата група имаме колеги од различни позадини, сите успеваат да бидат редовни и одлични студенти, така што можете и вие!

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за UX/UI дизајн постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!