Запознај ја Ајрин Абди – студент на нашата Академија за графички дизајн, којa се одлучи да ги надгради своите знаења и да научи повеќе за улогата на графичкиот дизајн.

 

Студент: Ајрин Абди

Академија: Академија за графички дизајн

Професија: Онлајн продавачка

Од првиот час на Академијата го паметам: Запознавањето со колегите и добрата дружба.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Дизајнот секогаш ме исполнува и мислам дека сега имам можност да ги реализирам моите идеи. 

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Illustrator и Photoshop.

После предавањата секогаш: Си оставам слободно време за да си ги завршам домашните задачи. Сакам да ги применам практично алатките додека ми се најсвежи информациите.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дали мојата способност за цртање е на соодветно ниво.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да најдам работа којашто ќе ме исполнува и секојдневно ќе се надградувам со нови предизвици.

Оваа област за мене значи: Можност за градење на самата себеси во сферата којашто утре ќе можам да ја наречам моја професија.

Во слободно време: Возам велосипед и кампувам.

Сакам да читам: Стрипови.

Сакам да гледам: Психолошки трилери и биографии.

Омилен цитат: “It’s always me vs me.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.