Елена Диновска Зарапчиев е инструктор на нашата Академија за графички дизајн и го предава модулот Растерска графика и постпродукција, односно Photoshop.

Таа е фриленс графички дизајнер, а воедно и креативен директор на фестивалот Ехо и има свој бренд за дизајнерски лампи.

 

Во продолжение, Елена ни откри што се учи на модулот кој таа го предава, како и совети за успешно совладување на истиот 

 

1. Здраво Елена, ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Работам како freelance графичка дизајнерка на платформата UPWORK за клиенти од Финска и Америка, како и за локални македонски брендови. Исто така, сум креативна директорка на ЕХО фестивалот на планински филм и секако дел од тимот на Бреинстер. Од поважните работи, да споменам и дека сум мајка на две девојчиња и вљубеничка во планините и планинските спортови.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш? 

Јас го предавам модулот Растерска графика и постпродукција. На овој модул студентите го изучуваат програмот Photoshop и имаат можност да се запознаат со основите алатки и процеси за едитирање на слики, Retouching, фото манипулација, визуелна презентација и last but not least графички дизајн. Овој модул е важен бидејќи е дел од светото тројство на програмите кои ги користат графичките дизајнери (Illustrator, Photoshop и InDesign) за да си ги визуaлизираат нивните идеи, фантазии и концепти – амин. 🙂 

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

Би ги посоветувала студентите да бидат отворени кон новите концепти за изучување, да ги „користат“ инструкторите и нивното искуство за да научат повеќе и заедно да го формираат едукативниот процес. Оваа Академија бара и работење дополнително од редовните часови и би им посоветувала на студентите да бидат истрајни и посветени.

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  • Create your own style.
  • Perceive art in every form – painting, sculpture, music, cinema, architecture, literature and it will open new doors of perception.
  • Surround yourself with creative people.
  • Be inspired – but don’t copy. 

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!