Дигиталниот маркетинг е креативна професија со многу предизвици

Запознај ја Љубенка Митревска – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, која покажа одлични перформанси за време на предавањата и не ја пропушти можноста да учествува на реалните проекти.
Еден од најпопуларните проекти на кои таа има работено е победничкото решение за Digital PR стратегијата на Донирај Компјутер.
Нејзината посветеност резултираше со напредок во кариерата и работа како маркетинг менаџер во компанијата Medicus Help.
Си поразговаравме со Бубе за нејзиното кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и напредокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво, јас сум Бубе! По професија – дипломиран професор по одделенска настава. За себе можам да кажам дека сум личност која ги сака луѓето и постојано сака да учи нови работи.
Зошто баш дигитален маркетинг?
Долго време пред да започнам да ја посетувам Академијата, размислував кој избор е за мене вистинскиот. Крајната одлука беше дигитален маркетинг, бидејќи ми беше склоп од повеќе модули во едно. Сакав да излезам од секојдневното шаблонско работење и да започнам нешто подинамично и предизвикувачко.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Уште на почеток на Академијата се изненадив пријатно од интеракцијата во која бевме постојано вклучени. Менторите беа многу пријателски поставени и со самото тоа, стекнувањето на ново знаење беше забавно и опуштено. Како поминуваше времето следеа реалните проекти со реални клиенти кои за сите нас беа голем предизвик. Од денешна перспектива, можам да кажам дека токму од нив научивме најмногу како работите ќе функционираат во реалниот – дигитален свет во иднина.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Можам да кажам дека најголем предизвик ми беше вкрстениот реален проект на кој учествувавме студенти од повеќе Академии. Прв предизвик беше да ги исполниме барањата на клиентот, втор беше соработката со непознати студенти од другите академии и третиот беше сето тоа да го исполниме во рок од 72 часа. Викенд исполнет со многу работа, идеи, но и огромно искуство.
По завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг достигна значаен раст и развој на својата кариера како Маркетинг менаџер во компанијата Медикус Хелп. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Јас сум веќе три години дел од оваа компанија, но по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг мојата работна позиција бележи прогрес. Работата како маркетинг менаџер на компанија која веќе ја познаваш, многу добро за мене беше олеснителна околност, но и самата позиција со себе си донесе многу голема одговорност. Најмногу ме исполнува тоа што ниту еден ден не е ист како предходниот.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Моите работни задачи вклучуваат комплетно менаџирање на маркетингот на оваа компанија. Планирање и координирање на активности до нивно реализирање, креирање маркетинг идеи, ажурирање на веб страницата, создавање контент содржина за блогови и постови.
И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?
Оваа Академија ја препорачувам на секој кој се чувствува дека е заробен во својата професија. Секој кој сака промена кон динамична, креативна работа и работа полна со предизвици.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!