Запознај ја Анита Спасовска – студент на нашата Академија за графички дизајн, којa се одлучи да ги надгради своите знаења и да научи повеќе за принципите на графичкиот дизајн.

 

Студент: Анита Спасовска

Академија: Академија за графички дизајн

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата го паметам: Запознавањето со останатите колеги, инструктори и предизвици.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Отсекогаш ме интересирала уметноста на решавање проблеми. Способноста да се реши секој проблем што е претставен пред вас е непроценлива. Го сакам тоа што ме учат да имам идеи и да размислувам на целосно креативен начин.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Illustrator и работата на реални проекти.

После предавањата секогаш: Ги преслушувам предавањата и работам на зададените задачи.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Како ќе се соочувам со потешкотиите и колку добро ќе ги совладам алатките.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Можности, надградување и соочување со многу предизвици.

Оваа област за мене значи: Огромна можност за градење на кариера.

Во слободно време: Читам книги и гледам филмови.

Сакам да читам: Трилери и мистерии.

Сакам да гледам: Филмови и туторијали за Illustrator.

Омилен цитат: “It doesn’t matter how slowly you go as long as you don’t stop.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!