Запознај ја Мирјана Премчевска – алумни студент на Академијата за Software Testing, која ја започна својата кариера на практикантска позиција како Quality Assurance Engineer во компанијата Netcetera.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Мирјана за нејзиното искуство

 
Здраво Мирјана, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Здраво! Јас сум Мирјана Премчевска – дипломиран економист на департман Е-Бизнис, а сега и сертифициран Software Tester. По завршувањето на студиите, мојата кариера започна како Co-Founder/CEO во Mimanse LTD, бренд за убавина којшто поседуваше website каде што се одвиваше и самата продажба на продуктите, па така и се појави идејата за Академијата за Software Testing, бидејќи морав да тестирам за да бидам сигурна дека веб страницата функционира како што треба, а воедно и да се избегнат непријатностите со купувачите.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

На Академијата развив вештини кои се состојат од програмирање, бази на податоци и способност да им пристапам на проблемите на логички и математички начин, што е од клучно значење за пронаоѓање на грешки во софтверот. Потребата од софтверски тестери расте од ден на ден. Софтверот е составен дел од денешниот свет, а софтверските грешки може да доведат до финансиска загуба. За да се избегнат несакани сценарија, тестирањето на софтверот стана незаменлив дел од процесот на развивање софтвер. Академијата за Software Testing ги исполни моите очекувања, со доста интензивна програма, работа на реални проекти и учество на хакатони, како и инструктори кои ни го пренесоа своето знаење.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

За да се успее, треба да се направат храбри чекори во кариерата и да се биде одлучен. Јас сум човек кој сака нови предизвици и токму тоа го видов во Академијата за Software Testing – предизвик. Бев подготвенa да почнам да работам на проекти во Brainster поради мојот сериозен пристап од самиот почеток. Таму ги добив вистинските насоки кои ми помогнаа да се вклопам и да почнам да го применувам она што го научив веднаш. Од денешна гледна точка, мојата подготвеност да одговорам на сериозни проекти и предизвици несомнено беше резултат на мојата посветеност.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Netcetera. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Netcetera е глобална софтверска компанија со врвни ИТ производи и индивидуални дигитални решенија во областите на безбедно дигитално плаќање, финансиски технологии, транспорт, здравствена заштита и осигурување. Повеќе од 2.500 банки и издавачи и 160.000 трговци се потпираат на решенијата за дигитално плаќање и глобално сертифицираните 3-D Secure производи. Netcetera го покрива целиот животен циклус на ИТ, од идеја и стратегија до имплементација и функционирање. Балансираната комбинација на најнови технологии и докажани стандарди обезбедува сигурност на инвестициите, од големи проекти до иновативни стартапи. Основана во 1996 година, Netcetera е холдинг компанија со околу 1.000 вработени и со седиште во Цирих, Швајцарија, со локации низ Европа, Азија и Блискиот Исток.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Јас работам на позицијата како Quality Assurance Engineer практикант, а денот ни започнува со утринско кафе и планирање на обврските, по кое следува креирање или апдејтирање на тест кејсовите. Остатокот од моето време го поминувам со извршување на мануелни тестови. Понекогаш тестовите ќе паднат и ќе треба да разговарам со девелоперот на задачата за тоа каде е проблемот или ако неуспехот е околу нешто друго, ќе отворам ново issue за да го внесам во нашиот обем на работа. 

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Тестирање на апликацијата, документирање и пријавување на секој пронајден баг, ретестирање на веќе поправените дефекти и багови. Покрај основните задолженија, неизбежно е и секојдневното учење со кои ги развиваме постоечките, но и создаваме нови вештини. Користам xCode, Android Studio, Postman, Swagger, TestRail, Jira и сите техники кои ги научив на Академијата.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Тестирањето на софтверот е критична функција во бизнисите. Кариерата за софтвер тестер може да биде предизвикувачка, но задоволувачка, барајќи од вас да ги решите проблемите, да управувате со ризиците и да го подобрите квалитетот во сите фази од животниот циклус на развој на софтверoт. Со оглед на огромниот опсег на тестирање на софтвер и неговата примена во повеќе сектори и индустрии, вреди да се размислува за кариера како тестер на софтвер.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!