Рекорден број на запишани студенти, највисока оценка за инструкторите, најмногу изработени реални проекти, најголемиот организиран Хакатон во живо, најголем број на вработени во тимот, и основање на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет – Brainstеr Next College

Годинава во Brainster, сѐ ни оди во нагорна линија. Но, успесите никогаш не си ги препишуваме сами на себе, бидејќи сѐ постигнуваме заедно со својата заедница – инструкторите и професорите, соработниците и секако, нашите студенти.

„Сиот наш успех што го постигнавме во 2022 година е рефлексија на напорна работа, вештини, посветеност, тренинзи за вработените, инструкторите и професорите и довербата што ни ја даваат нашите партнери и илјадници студенти. Ова можеби изгледа лесно однадвор, но сепак, градење на образовна организација е една од најмалку едноставните и најкомплексните бизниси што постојат. Затоа, благодарам на сите за сѐ“, вели Петар Ниновски, основачот на Brainster и на Brainster Next College.

Тој додава дека активностите и влијанието на Brainster се зголемуваат, а уште поверојатен е понатамошниот раст. 

„Нашите студенти бараат повеќе висококвалитетни можности за учење и вклучување во индустријата. Влијанието на нашата организација постојано расте, а со тоа и нашата одговорност. Но, нашиот фокус ќе остане ист – да бидеме првиот избор на студентите во Македонија заинтересирани за градење кариери во технологија и бизнис, да станеме најдоброто место за работа и првиот избор за компаниите за да ангажираат таленти за технологија и бизнис“, вели тој.

Петар исто така објаснува и зошто организацијата постои и која е главната мисија.

„Целта на Brainster и на Brainster Next College е да обезбедат раст и развој за луѓето во Македонија и регионот, и да ги подготват за да придонесат кон просперитетот на општеството. Тоа е систем во кој студентите се радуваат на учењето, а вработените и учителите со задоволство ја работат професијата. Тоа е систем кој ги препознава разликите меѓу студентите и разликите меѓу наставниците и вработените. Затоа, и понатаму ќе продолжиме да применуваме посветеност, напорна работа, обуки и сите наши расположливи ресурси – од луѓе и нивните вештини и мотивација, до финансии, технологија, култура и углед – за успешно спроведување на стратешките иницијативи за успех на нашите студенти“, вели тој.

 

 

 

Рекорден број на запишани студенти годинава – 1.306

Една од бројките на која најмногу се гордееме се запишаните студенти во оваа година. Рекордната бројка од 1.306 запишани студенти на академиите и на факултетот заедно, беше изненадување и за нас.

Бранкица Василева, тим лидер на Student Success тимот во Brainster кој се грижи за тоа секој студент да го добие она што навистина му треба додека учи, вели дека ова е дефинитивно нешто на што се радуваат.

„Ова е бројка што не ја очекувавме, но ја посакувавме. Истата, како организација нѐ става пред голем предизвик –  како не само да го задржиме квалитетот на образовните програми, туку и ние да станеме подобри во искуството кое го креираме за студентите, со цел тие да се мотивирани и да станат поуспешни и повработливи. Ние посветено работиме за да ја оправдаме довербата што студентите ни ја даваат, а доказ за тоа се најуспешните уписи што сме ги имале досега“, вели Бранкица.

Таа открива дека голем дел од запишаните студенти доаѓаат во Brainster по препорака на некој алумни. Ова, за нив претставува потврда дека севкупната грижа за секој од нив е ценета од нивна страна и дека тие се задоволни. Она што постојано го прави тимот на Бранкица е континуирано следење на секој студент во процесот на учење, следење на успешноста на секоја група на студенти и одговор на фидбекот што го добиваат од нивна страна.

„Ние ги следиме студентите постојано, а добиваме и неделен фидбек од нивна страна за програмата и модулите што ги изучувале, за инструкторите, за работата во група со колегите итн. И секако, соодветно одговараме на тој фидбек, сѐ со цел, секој студент да биде задоволен од она што го добива како знаење, вештини и вредност од Бреинстер и да може да го искористи тоа знаење за подобра иднина. Она на што особено сум горда е годинешната оценка за нашите инструктори која е 4,91 на скала до 5. Нашите инструктори кои во моментов се 102 на број се секако алката која нѐ поврзува сите и без нивната посветеност, желба и вештини за пренесување на знаење, ние нема да сме толку успешни. Затоа, едно големо „Благодарам“ до сите нив“, вели таа.

 




Најголемиот Brainster хакатон во живо – 125 учесници

Во 2022 година остваривме рекордни резултати и во делот на Co-Innovation & Hiring. Годинава, студентите работеа на вкупно 104 реални проекти, а организиравме 21 хакатон. Како јаготка на шлагот, пред само неколку недели во просториите на Brainster се одржа најголемиот Хакатон во живо на кој учестваа 125 учесници.

На истиот, студентите 48 часа работеа на решение за мобилна апликација и интерна апликација за REDI и REDI рециклажа која ќе ја поврзе организацијата со домаќинствата, ќе им го организира пристапот до селектираниот отпад на нивните формални собирачи (зелените агенти) и ќе им помогне поефикасно да комуницираат меѓусебе. Идејата е со дигитализација на услугата за бесплатно собирање на неопасен отпад како хартија и пластика, собирачите на отпад да се поврзат со заедницата и на достоинствен начин да го прибираат селектираниот отпад. Победничкото решение се избираше на REDI SUMMIT.

Инаку, тимот за Co-Innovation&Hiring соработува со 161 компанија од Македонија и од странство. Овие компании вработуваат наши студенти од Brainster академиите и им обезбедуваат реални проекти за практична работа како и пракса. Оваа добра практика ја пренесовме и на работата на Brainster Next College, кој вратите за првите студенти по насоката Софтверско инженерство и иновации ги отвори во октомври оваа година. 

 

 

Наша визија е да ја поддржиме дигиталната трансформација

Годинава и нашиот тим се зголеми на рекордни 58 вработени.

Со сето наше знаење и многу труд, ние на поединците им овозможуваме подготовка на кариерен развој, преку совладување на дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет.  Наша визија е да ја поддржиме дигиталната трансформација на глобално ниво, преку создавање на подобра иднина за што повеќе луѓе во текот на целиот процес.

Татјана Јанева, менаџер за човечки ресурси во Brainster додава дека компанијата може да се опише како организација која има холистички пристап кон своите вработени, нудејќи поддршка во сите сфери, професионално и приватно, односно организација која во целост се грижи за своите вработени.

„Позитивната компаниска култура, која се состои од континуирано учење и професионално надградување на сите вработени, постојаната поддршка од лидерите на тимовите, менторството и давањето насоки во текот на работењето, а особено тимскиот дух кој е клучен фактор за успешно работење, придонесуваат за градење на успешна Brainster приказна“, вели таа.

Овие рекордни резултати ги постигнавме со многу труд, знаење, тимска работа и посветеност, а во годината што ни претстои, ќе продолжиме да работиме уште попосветено со цел и понатаму да нудиме образование за кариерите од иднината.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.