Запознај го Владимир Момироски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање кој ја започна својата кариера како Junior Front-End Developer во компанијата Aaron’s Department.
Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место
Здраво Владимир! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво и ви благодарам на честитките. Јас сум Владимир, личност која смета дека работата претставува еден од најважните сегменти во животот на секој човек и токму поради тоа одлучив да се запишам на Front-End Академијата. Целта ми беше да ја остварам својата визија, да станам дел од светот на кодирањето и со тоа да направам еден совршен спој на пријатното и корисното.
Зошто баш Front- End програмирање?
Се одлучив за оваа Академија бидејќи сметам дека е најблиска до моите афинитети. Секогаш ме интересирало како со помош на код се изработува една веб страница и како се дизајнира. Секако голем удел има и креативноста која ја нуди оваа работа, и можноста за постојаното усовршување.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Секако дека да. Академијата ги исполни сите мои очекувања. Почнувајќи од менторите кои од една страна се максимално професионали, а од друга страна пристапни и отворени за сите прашања кои ги имаме. Програма која сметам дека претставува совршен баланс од теорија и практична работа, исполнета со работа на задачи и реални проекти, преку кои во рок од една година се стекнав со потребното знаење и вештини во областа.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Искуството беше одлично, посебно од оваа гледна точка кога можам да ги сумирам сите впечатоци. Предизвиците се многу, на почеток е стравот од непознатото, кој брзо поминува, а понатаму одржувањето на мотивацијата, константната работа и дисциплина кои се неминовни за успех и добри резултати.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Во текот на учењето сите модули ми беа интересни, процесот се одвива step by step, така што секој следен е нов и возбудлив на свој начин. Кога би морал да се одлучам тоа би биле JavaScript и React.
Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Junior Front-End Developer во компанијата Aaron’s Department. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
По завршување на Академијата првенствено се посветив на изградба на веб портфолио за кое сметам дека е клучно за сумирање на сите изработени проекти на едно место. Понатака испраќав пријави во фирмите, една од нив беше и Aaron’s Department. Првично интервјуто беше со HR-от како запознавање и вовед во работата. Понатака следеше техничкото интервју и финалното интервју беше за soft skills и логички прашања.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Се работи по SCRUM методологија, а од мене се очекува да решам одредени таскови кои се задаваат во Sprint Planning. Меѓутоа подршката е неминовна од страна на тимот и имам искусни колеги од кои можам да побарам помош во секое време.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?
На сите што сакаат да направат чекор напред во својата кариера и да се усовршат во оваа сфера, би им препорачал да не се двоумат и да се одлучат токму за оваа Академија. Во целиот процес, според мене е најважно да ја одржат мотивацијата и упорноста.
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.
На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!