Запознај ја Сања Боцеска – студент на нашата Академија за Software Testing, која се реши да направи кариерна трансформација и да научи сѐ што е потребно за тестирање на еден софтвер.

 

Студент: Сања Боцеска

Академија: Академија за Software Testing

Професија: Професор по математика

Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со колегите и различните професионални области од кои доаѓаат.

Ја одбрав оваа област бидејќи: По разговор со искусни во областа и мои пријатели кои се занимаваат со програмирање подолго време, сфатив дека е погодна за промена на професија како мојата.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Selenium и автоматско тестирање.

После предавањата секогаш: Одмарам со топол напиток, си ги средувам мислите со новиот материјал којшто сум го научила, го споделувам тоа и со сопругот.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Не можам да кажам дека нешто конкретно ме плашеше. Тоа едноставно беше нормалниот страв од непознатото.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да уживам во професијата, а исто така очекувам и добри можности за напредок.

Оваа област за мене значи: Моментално ова ми значи многу бидејќи ми нуди можност за почеток на кариера која е барана и потребна на пазарот. Истовремено може да се каже дека е една од најважните алки во изработка на еден софтвер.

Во слободно време: Се шетам, се дружам со пријателите и уживам гледајќи си ги децата како растат.

Сакам да читам: Моментално успевам да прочитам само по некоја бајка пред спиење. Моментално тоа се басните од Езоп.

Сакам да гледам: Добар филм, најчесто sci-fi, adventure, fantasy, но не испуштам ни некој добар трилер. Повеќе гледам филмови отколку што читам книги.

Омилен цитат: “Believe you can and you’re halfway there.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫