Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Магдалена Деспотоска која е дел од Student Admission тимот и маркетинг тимот на Brainster.
Магдалена ужива во истражување на нови пасии и интереси. Сака постојано да учи нешто ново, а токму тоа и го овозможува Brainster.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Магдалена, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Здраво и од мене. Дел сум од Student Admission тимот. Ние сме првиот контакт со кандидатите кои сакаат да бидат дел од нашите академии. Работата се состои од секојдневно многубројни повици, обработка на новите апликации, како и онлајн средби со кандидатите, со цел да им објасниме нешто повеќе околу академиите. Конкретно да се запознаеме со сите оние коишто се заинтересирани, да споделиме повеќе информации за програмата, условите и начинот на кој се изведува наставата.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Student Admission?
Бидејќи не сум љубител на кафето, наместо тоа, за расонување и подготвување за работниот ден, денот го почнувам со краток stretching. После тоа ги средувам административните работи, враќање на мејловите, па следува комуникацијата со кандидатите и онлајн средбите со сите оние кои аплицирале за академиите.
Што правиш во слободно време, надвор од работните обврски? Дали имаш некое хоби?
Покрај работата во Brainster, јас сум и пилатес инструктор во фитнес студио. Зависна сум од вежбање веќе 12 години и таму ја трошам негативната енергија. Во зимските денови обожавам да скијам и да истражувам нови снежни убавини, а во останатиот дел од годината сакам да патувам низ Европа и светот, како и да посетам што е можно повеќе нови места. Меѓу повеќето прекрасни дестинации, како омилени би ги издвиола New York, Los Angeles и Кападокија. Секој град на свој начин е магичен.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Можноста и флексибилноста да се работи во било кое време, од било кое место, ми ја дава слободата да го организирам мојот ден како што ми одговара. Изборот за работа од дома, канцеларија, друг град, планина или плажа посебно ми се допаѓа. Убаво е кога нема стрес во текот на денот да се заврши некоја приватна обврска, а притоа да се направи баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Овде би ја спомнала поддршката и мотивацијата што ја имаме внатре во тимот, без која не би биле тоа што сме.
За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Пријатна работна средина којa овозможува услови за професионална реализација, како и можности за лично и професионално надградување. Одличната комуникација со колегите и можноста за секој еден вработен да се реализира креативно, бидејки сите идеи се сослушуваат, дооформуваат и разработуваат. Среќна сум што сум дел од една ваква компанија како што е Brainster!
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.