Запознај ја Катерина Стојанова – студент на нашата Академија за Project & Product Management, која реши да ја надгради својата експертиза во областа на проектен и продукт менаџмент.
Студент: Катерина Стојанова
Академија: Академија за Project & Product менаџмент
Професија: Дипломиран машински инженер и магистер по економски науки.
Од првиот час на Академијата паметам: Убави, млади и позитивни лица на амбициозни, идни проект и продукт менаџери, желни за освојувања на нови предизвици и знаења, како и доволно мотивирани за успешен почеток на патот кон успехот и постигнување на личните цели со запишувањето на Академијата. И нормално да не го изоставам тимот на Академијата кои несебично и беспрекорно се трудеа да ги пренесат сите претходни успеси постигнати со претходните групи и да ни ги доловат визуелно придобивките од изучување на тоа што ќе следува.
Се решив да го искористам периодов продуктивно и да научам: Нови методологии, техники и алатки на изучување кои го пратат денешниот современ и напреден индустриски развој, а пред сѐ сопствено мотивирање, подигнување на самодовербата на повисоко ниво после неколкугодишната стагнација на професионален план. Сето тоа поради најубавата причина за која постојам, а тоа е горда мајка на две мали дечиња. 🙂
Ја одбрав оваа област бидејќи: Во иднина мојот фокус на личен развој и подобрување на постоечката експертиза во проект менаџмент сметам дека ќе биде клучен за успехот на компанијата во која ќе бидам дел од менаџерскиот тим, како и мотив да заработам повеќе и да бидам поконкурентна на пазарот на труд.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Да ги проценам моменталните сопствени капацитети со кои располагам во областа во која ќе се надградувам и учам, и да утврдам уште колку многу имам да работам на себе, со цел да станам иден успешен проект менаџер со интернационално искуство и делување.
После предавањата секогаш: Со оглед на фактот што предавањата се во понеделниците, како една амбициозна и динамична жена, правам план и организација на обврските за да имам доволно време за извршување на сите обврски, професионалните, домашните и образовните.
Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Time Management.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да бидам поконкурентна на интернационален и/или домашен пазар на труд, да заработувам просечна европска плата и да напредувам со побрзо темпо во професионалната кариера.
Оваа област за мене значи: Исполнителност, достоинство и моќ на професионален и личен план.
Во слободно време: Се посветувам на семејството и максимално креативно го искористувам за воспитување и учење на децата за подобро утре.
Сакам да читам: Книги за професионално надградување, пример: Leaders eat last, Simon Sinek, како и книги кои ме мотивираат на издржливост, упорност и стремеж за постојана борба кон подобра иднина и без откажување, како што е Никаде без ќерка ми, Бети Махмуди.
Сакам да гледам: Натпревари во гимнастика, ракомет. како и филмови кога имам слободно време. Омилен филм ми е The pursuit for happyness.
Омилен цитат: “Life for me is a field of competition between people with different characters and ideals who are in the constant struggle for personal advancement, a field in which there is a place for everyone who is a fighter and all hold a key to success!“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек!
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!