Hello May! 🌞

Наближувањето на летото секогаш асоцира на убави, безгрижни топли денови исполнети со многу слободно време. Но, верувале или не, токму летото може да биде најдоброто време за да ја направите посакуваната кариерна трансформација или пак да ја лансирате новата кариера.

Отворените уписни рокови за нашите Академии се приближуваат кон својот крај и групите почнуваат да се затвораат. Затоа, те предизвикуваме да не ја пропуштиш можноста ова лето да го искористиш максимално и најпродуктивно што можеш! 

Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 13 вработувања, 2 унапредувања и 1 пракса изминатиов месец.

Па така, новостите од месец април се однесуваат на: ветувачката перспективна кариера како UX/UI дизајнер, најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн, реалните проекти и успешните Хакатони коишто беа реализирани на Академиите и приказните на нашите студенти и нивните искуства за време на предавањата.




  • UX/UI дизајн е перспективна кариера со сигурна иднина

Дали сонуваш како би изгледал еден ден на нова работна позиција? Се прашуваш дали имаш „соодветна“ позадина и основа за да започнеш да работиш нешто што отсекогаш си го посакувал? Избирањето на нов кариерен пат може истовремено да ти предизвика и несигурност и возбудa. Ако UX дизајнот е на твојата листа на можни кариери, можеби сè уште се прашуваш: ,,Дали UX дизајнот е ветувачка кариера за мене?” Дознај повеќе!

 

 

  • Најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн

Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за UX/UI дизајн, студентите имаа задача да ги креираат своите портфолија, а со тоа и да ги покажат своите стекнати знаења и вештини. Во UX/UI портфолијата се сместени сите проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите партнери за ко-иновации. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за графички дизајн креираа постер дизајн за МОФ

Со цел да се подобри искуството на студентите од Академијата за графички дизајн, тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за регрутација на нови членови во едукативните клубови кои се во склоп на Младинскиот Образовен Форум. Дознај повеќе!

 

 

  • Frontwise Group го организираше првиот Хакатон на Академијата за човечки ресурси

Изминатиот викенд на Академијата за човечки ресурси се одржа првиот Хакатон организиран од страна на нашиот co-innovation партнер, компанијата Frontwise Group. Овој Хакатон беше наречен Recruit-a-thon, каде студентите работеа нa принцип на sourcing games и имаа задача да одговорат на 12 различни предизвици, за на крајот да ги презентираат своите решенија пред клиентот. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за човечки ресурси учествуваа на Recruit-a-thon

Со цел да се подобри искуството на студентите од Академијата за човечки ресурси, на еден интересен и практичен начин се работеше на реални вежби кои ги покриваат главните аспекти на процесот на регрутирање. Овој Хакатон беше наречен Recruit-a-thon, каде студентите најпрво работеа нa принцип на sourcing games. Доста актуелен во полето на регрутација, ваквите натпревари за sourcing се организираат на големи самити за регрутација годишно. Студентите имаа задача да одговорат на 12 различни предизвици и да ги презентираат одговорите за точно одредено време. Дознај повеќе!

 

 

  • Маркетинг стратегија за музички проект на Дани Димитровска

Студентите кои учествуваа на овој пријателски Хакатон беа поделени во 5 тима, со цел да искусат како е да се работи во реална средина со реален клиент како дигитални маркетери. Тие работеа напорно, со голема посветеност и успешно се справија со роковите и предизвиците.Нивната задача беше да работат на реален проект за реален клиент и да направат целосна маркетинг стратегија за последниот музички проект на нашата музичка ѕвезда – Дани Димитровска. Дознај повеќе!

 

 

  • Нов предизвик за студентите дигитални маркетери

Дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг е студентите постојано да работат на реални проекти за реални клиенти, кои стануваат дел од нивното професионално портфолио. На овој начин, тие учат како се работи во вистинска средина, но, исто така и како да се биде професионалец и да се работи со клиенти. Тие имаа задача да работат на реален проект за реален клиент и да направат бренд стратегија за Винарија Виника и да го покажат целокупното знаење стекнато од предавањата. Дознај повеќе!

 

 

  • Завршен проект на Академијата за дигитален маркетинг – Daisy Family Rescue

Шест месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за дигитален маркетинг. Нивниот последен предизвик беше да ја комплетираат програмата на Brainster и да ги изработат своите завршни проекти. Студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да го заокружат своето маркетинг патување. Задачата којашто требаше да ја изработат беше целосна Digital Marketing стратегија за Daisy Family Rescue. Дознај повеќе!

 

 

  • Изработка на веб платформа за Универзитетско Студентско Собрание

Изминатиот период групи на студенти од Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, работеа на реален проект за реален клиент кој го обезбеди центарот за Коиновации и вработување, како дел од активностите за зголемување на вработливоста и успешноста на нашите студенти.  Станува збор за проект – веб платформа за Универзитетското Студентско Собрание – УКИМ која има за цел да овозможи комуникација и непречено споделување информации со студентите од различните факултети. Дознај повеќе!

 

 

  • Со оптимизација на SQL до брза веб апликација

„Во процесот на изработка на веб апликации или веб страници, датабазата претставува место каде се чуваат сите информации од корисниците и нивните лозинки. Скоро целата содржина на веб страницата се чува во датабаза и користејќи структуриран јазик за повикување на тие информации, ние сме во можност да побараме од датабазата токму тоа што ни е потребно и да го прикажеме на веб страницата.“ Елена Клисаровска е инструктор на Академијата за full-Stack програмирање, која ни го сподели своето размислување на тема Датабази за почетници. Дознај повеќе!

 

 

  • Доживеј ја Академијата преку искуството на нашите студенти

Го создадовме блог серијалот „Студентите зборуваат за искуството“ за да ви ги претставиме приказните на нашите студенти и како тие си поминуваат на предавањата. Дознајте повеќе што тие ни раскажаа!

 

 

  • Запознајте се со програмата

Го создадовме блог серијалот „Запознајте ги модулите“ за да ви ги претставиме модулите кои се изучуваат во склоп на нашите академии. Дознајте повеќе за наставната програма!

 

 

  • 5 причини зошто да почнеш да градиш кариера во некоја од најбараните професии

5 причини зошто да почнеш да учиш Software Testing;

5 причини зошто да почнеш да учиш Графички дизајн;

5 причини зошто да почнеш да учиш Front-End програмирање.

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Александра, Анета, Тамара, Глорија, Невена, Петар,  Ана, Андреј, Јован, Александар,  кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️