Во оваа блог објава, си поразговаравме со Сања Бомбол – студент на нашата Академија за Software Testing за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Сања, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Сања?

Здраво, јас сум Сања Бомбол, магистриран правник на УКИМ, меѓутоа последна професија изминативе осум години ми е кабински персонал во Wizz Air. Живеам во Софија, сум сопруга и мајка на две мали момчиња. Слободно време скоро и да немам, па ова ми беше супер прилика за изговор – време малку за себе. 🙂 Водена од тоа дека инвестирањето во себе е најдобра инвестиција, оваа шанса ми дојде во прав момент, момент кога решив да ја сменам професијата и да се пронајдам во нешто ново.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Software Testing како студент?

Повторно студент после толку време ми звучеше предизвикувачки. Меѓутоа, доколку претходните студии бараа од мене секојдневно присуство на факултет, тука е многу порелаксирано и флексибилно. Во текот на денот ги завршувам сите обврски и трипати во неделата, вечерта е резервирана за предавање, за многу нови нешта и за тимска работа.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Можам да го издвојам модулот Објектно Ориентирано Програмирање. Се разбира, тука станува збор за основа на програмирањето како дел од софтверското тестирање, меѓутоа беше доволно за да стане меѓу поинтересните предавања. Пишување кодови и извршување на истите, никогаш не биле дел од мојата замисла дека јас некогаш би можела ова да го учам, да го разбирам и работам.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Во принцип пред да се впуштам во нешто, детално истражувам. Така да после моите пребарувања за соодветна академија, изборот падна токму на Brainster. Промена на професијата воопшто не треба да е застрашувачка за никој, посебно кога сте сигурни дека имате можност да инвестирате во квалитетно образование. Можам да кажам дека Softwer Testing е една од моментално најбараните професии, исто така и толку дефицитарна. Инвестирајте во себе и со Brainster сте на правиот пат, на правото место.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Моментот кога малку повеќе навлеговме во материјалот и кога за првпат се сретнав со Објектно Ориентирано Програмирање. Беше баш момент „Сања што бараш тука и сигурна ли си дека сакаш да продолжиш?!“ Како одговор на прашањето кој ми е омилен модул го ставив токму овој, ООП. Толку некако навлегов, ми се чинеше скроз нов свет од тој што порано јас го знаев за компјутерите и програмите и ми стана доста интересно откога почнав да ја разбирам суштината, логиката. Така да, од мое искуство, кога ќе дојде потешкото – тогаш почнува интересното.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

На предавањата имаме можност да работиме во тимови и на крај да го сумираме сработеното и да го презентираме истото. Секоја тимска работа се оценува, а истата бара многу компромиси, трпение, координација и слога. Меѓу побитните лекции од предавањата ќе ја издвојам следнава: Колку е важен индивидуалниот успех – исто толку е важен и тимскиот.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Искрено, ако досега професијата ми налагаше да бидам на работа во три смени, за викенди, па и за празници некогаш, сега знам дека и во работни денови ќе можам да сум дома или на плажа и сепак да си ја завршам работата како што треба. Senior Software Tester за некоја година и мислам дека ќе сум на правиот пат. 🙂 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!