Во оваа блог објава, си поразговаравме со Мери Ушиткова – студент на нашата Академија за UX/UI дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Мери, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Мери?

Јас сум Мери Ушиткова, a моето патешествие го започнав како студент на Факултетот за туризам, па продолжив да работам како рецепционер во еден од најголемите хотели во Охрид. Додека работев како рецепционер, развив силно чувство за креативност и аналитички техники. Потоа, имав шанса да одам на курс во Англија и да работам во компанијата Костал. Таму научив да работам во тим и да споделувам знаење. Но, долго време не знаев како креативниот и аналитичкиот дел и тимската работа да ги спојам во кариера. Тука ја најдов Академијата за UX/UI дизајн која беше совршен микс за мене.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за UX/UI дизајн како студент?

Затоа што веќе сум во завршна фаза со предавањата на Академијата, моментално сум фокусирана на градење на своето портфолио и правење case study-ња со многу совети и консултации од менторите кои секогаш се тука за нас. Но, можам да кажам дека еден регуларен ден на Академијата содржи многу работа, труд и истовремено многу забава.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Модулот Design/UI, затоа што дизајнот на корисничкиот интерфејс му дава приоритет на визуелното искуство на корисникот, исто така треба да го минимизира напорот што корисникот треба да го вложи во интеракција со производот и да им помогне на корисниците да ги постигнат своите цели со леснотија. Но, исто така и најзабавен, затоа што го поминавме со менторот Јане.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Ако си амбициозна, креативна личност – не чекај! Запишувањето на Академијата на Браинстер е навистина пат до голем успех. Тргнувајќи од себе, веќе имам многу голема самодоверба и се соочувам со разни предизвици.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Искуствата со хакатони, проекти, неспиени ноќи кои беа поминати со смеа и забава. Стекнатите пријателства со останатите студенти кои прераснаа во секојдневие.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Дизајнот треба да дишиТ!

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Како senior UX/UI дизајнер.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!