Во оваа блог објава, си поразговаравме со Кристина Јанева – студент на нашата Академија за дигитален маркетинг за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Кристина, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Кристина?

Здраво! Јас сум Кристина Јанева и доаѓам од Свети Николе, а студирав на Економскиот факултет во Штип.  Моментално работам во Сетек – сѐ од техника, како асистент за продажба. Желбата да направам професионален скок во својата кариера ме мотивираше да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг бидејќи ова е идеално место да ја изразам својата креативност. Дигиталниот маркетинг е динамично поле кое се менува секојдневно, па така е идеалната сфера каде што можеш да ги креираш и реализираш своите идеи.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за дигитален маркетинг како студент? 

Регуларниот ден можам да кажам дека ми се состои од повеќекратно преслушување на лекциите, истражување и Google – најдобар пријател на нас студентите. Секако, разменување на материјали и мислења со колегите и  консултирања со инструкторите. Морам да кажам дека сите ни се достапни во секое време и од голема помош во текот на целата Академија.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Social Media Advertising – Со овој начин на рекламирање можеме да си овозможиме детална идентификација на целната група што и целиот процес ни е олеснет.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Би ги охрабрила бидејќи дигиталниот маркетинг не е само тренд туку е насока во која маркетингот ќе се движи понатаму. Индустријата е во подем, со голем потенцијал за раст на долг рок. Побарувачката за квалификувани  професионалци се зголемува секојдневно, а предвидувањата се дека овој тренд уште повеќе ќе расте како што маркетингот станува сѐ подигитален во чекор со нашиот дигитален свет. 

Како што расте индустријата на дигиталниот маркетинг, така расте и бројот на работни позиции кои се отвараат со цел пополнување на побарувачката за специјализирани дигитални работни места.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Хакатонот за изработка на маркетинг стратегија на еден музички проект на Дани Димитровска.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

Маркетинг тимот треба да биде усогласен со sales тимот.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Како успешен маркетер! 🙂 



Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!