Во претходната блог објава, имавте можност да ја запознаете Ана Стефановска – алумни студент од нашата Академија за UX/UI дизајн, која веднаш по нејзиното завршување се вработи како UX/UI дизајнер во Olive Jobs кои се дел од групацијата Catalyst Care Group.

По само 4 месеци од нејзиното вработување, Ана продолжува да реди успеси и е назначена за Team Lead и Head of UX/UI Design на целата групација.

 

Си поразговаравме со Ана како изгледа еден ден во животот на UX/UI дизајнер

 

Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на UX/UI дизајнер? 

Се започнува со една голема чаша кафе. 🙂 Потоа, следува daily brief meeting со маркетинг тимот и анализирање на отворени таскови и следење на стартегиите. Моментално за еден од проектите сме во UX фаза, а тоа значи добар research и многу анализи на информации. Понатака, продолжувам со цртање на концепти, скици и неколку in beetween состаноци. Секогаш одвојувам време за инспирација и следење на различните стилови на дизајн со цел да бидам во текот на случувањата. Денот ми завршува со следење на метрики и репорти за изработеното. 

 

Како е да се работи во голема и интернационална компанија?

Искуството е прекрасно и истовремено доста предизвикувачко. Потребна е огромна доза на growth mentality и пасија кон она што го работите. Истовремено, секој труд толку се вреднува што е одлична мотивација. Можностите за напредок се неограничени, а со тоа константно се подобрувате и станувате некоја подобра верзија од себе. 

 

По твоето завршување на Академијата за UX/UI дизајн започна да работиш како UX/UI дизајнер во Olive Jobs кои се дел од групацијата Catalyst Care Group, а само 4 месеци од твојот почеток доби унапредување. Раскажи ни што беше потребно за да се постигне толкав успех за толку малку време.

Лојалност, hard work и искреност пред сѐ. Тоа беше тотално неочекувано за само 4 месеци да бидам назначена за Team Lead и Head of UX/UI Design на целата групација. Имам привилегија да работам со одличен тим што го следи и наградува секој постигнат успех. Една од најважните работи е да бидете тимски играч и да придонесете целиот тим да има одлична комуникација и синергија. 

 

Кои се чекорите на твојот креативен процес како UX/UI дизајнер?

Мојот креативен процес е жив организам кој се менува и приспособува. Посебен фокус давам на empathize фазата. Она што моментално го вoспоставувам е listen, research, ask and analyze. Морам да признаам дека откако почнав со работа, конечно сфатив што значи дека design thinking не е линеарен процес. 🙂    



Која е тајната на успешниот UX/UI дизајн? Како се пратат метриките?

Моментално работам web design и морам да признаам „SEO is your best friend“. Она што го научив во овие 6 месеци е дека без добра SEO стратегија и следење на твоите корисници преку heat maps вашиот дизајн е невидлив. 

 

Сподели ни го дизајн процесот за некој проект на кој имаш работенo и најмногу се гордееш?

Во периодот после завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн, два месеци бев во процес на интервјуирање со компании, но исто така, имав можност да работам на freelance проект за Budweiser Brewing Group UK преку една компанија од Амстердам. Процесот беше колаборативен со нивниот Арт директор и можам да кажам дека за тие две недели комплетно се заљубив во својата професија по вторпат. Резултат од ова беа две лендинг страници потпишани од Budweiser UK со мој дизајн.

Фокусот на целиот процес беше во градење на добар wireframe и следење на brand guidelines на групацијата, како и работа со повеќе дизајн алатки истовремено преку sprint методологијата. Она што го запаметив од сето ова се зборовите на Арт директорот кој имаше повеќе од 15 години искуство: „Always share your knowledge Ana, we are all juniors who wanna learn.“ 

 

UX/UI дизајн е креативна професија со простор за слободно изразување. Но, понекогаш знае да се случи предизвик и да се добијат критики од клиенти. Како се справуваш со нив?

Секоја критика е feedback, дали од вашиот stakeholder или од вашите корисници. Take it gracefully, learn from it, adapt, and improve. 

 

И за крај, твојот совет за сите идни UX/UI дизајнери?

Секогаш бидете со претпоставка дека никој ништо не знае. Слушајте, и не се плашете од the white space во вашите дизајни, It’s your friend.  🙂 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!