Во оваа блог објава, си поразговаравме со Маја Миличинска – студент на нашата Академија за дигитален маркетинг за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Маја, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Маја?

Здраво! 🙂 Јас сум Маја Миличинска и доаѓам од најубавиот град во Македонија – Берово. Моето академско образование е економист. Љубител сум на животни, природа, планети. Сѐ што природата успеала сама да создаде. Креативец во душа и љубител на дигиталната индустрија.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за дигитален маркетинг како студент? 

„We improve learning, so you can improve the world!“ После вашето мото, знаев дека секое предавање на Академијата ќе биде посебно доживување. Секој час се учи нешто ново и по завршувањето на часот продолжуваш да истражуваш за сѐ што е поврзано со модулот што сме го работеле.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

SEO дефинитивно. Првпат се среќавам со ваков предизвик.

 

Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Најдобрата инвестиција што некогаш може да ја направите за самите себе!  Освен знаење и работа на реални проекти, како бонус награда добивате и позитива од цел тим на Brainster. Секоја чест!

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Првиот ден кога се запишав на Академијата. Се чувствував како на прв училишен ден. 🙂 

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

Од сите предавања досега, вака би ја скоцкала лекцијата што ја научив: “Content marketing is a strategic marketing approach focused on creating and distributing valuable, relevant, and consistent content to attract and retain a clearly defined audience — and, ultimately, to drive profitable customer action.”

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Факт е дека иднината ја креираме сами. Но, и доколку би имала магично стапче, со сигурност немаше да ja предвидам својата иднина! 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!