Во оваа блог објава, си поразговаравме со Тамара Стојанова – студент на нашата Академија за графички дизајн за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Тамара, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Тамара?
Јас сум Тамара Стојанова, имам 33 години. Сопруга сум и мајка на две дечиња. Веќе седум години живеам и работам во Германија. По природа сум креативна, сакам да фотографирам, а слободното време го поминувам во природа со дечињата. Возењето велосипед е исто така важен дел од мојот секојдневен живот.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за графички дизајн како студент?
Со оглед на тоа дека одамна излегов од ученичките клупи, пред сѐ чувството повторно да се учи нешто што утре ќе ми биде професија е неверојатно, би го нарекла предизвикувачко, интересно и одговорно. Покрај сите други обврски кои ги имам, се трудам да не изостанувам од ниту еден час, се посветувам максимално, и за присуството, но и за извршувањето на задачите кои нѝ се задаваат, кои се секако многу важни за совладување на материјата која нѝ се предава на часовите.
Тоа значи дека, иако имам часови трипати неделно, јас секој ден си одвојувам време за да ги прегледам поминатите часови, да ги поминам програмите од софтверот, да издизајнирам нешто и на „своја рака“ покрај тоа што ни е зададено како домашна задача. Не изостануваат и консултациите со другите колеги од групата, како во врска со учењето, така и приватно.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Омилен модул не би можела одредам. Многу се радувам што во сите имаме неограничена креативна слобода. Само би го издвоила Photoshop како еден од програмите што ми се виде малку покомплициран и со самото тоа ми стана предизвик да вежбам повеќе на него и да осознаам дека е корисна и интерсна алатка во процесот на дизајнирање.
Што би раскажалa за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Од моја гледна точка, би кажала дека никогаш не е доцна доколку нешто се сака. Самата Академија нуди одлични услови и можност за изучување на една идна професија. Веќе далечината и обврските не треба да бидат изговор. Би сакала да истакнам еден момент, јас бев несигурна во тоа како јас би се вклопила во изучување на Графички Дизајн, ако немам претходно познавање во сверата на уметноста. Со текот на учењето сфатив дека дизајнот и уметноста се тесно поврзани ама не се зависни еден од друг. Така да, тоа нека е поттик на сите како мене да пробаат да се насочат во животот.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Дали почетокот на предавањата односно првиот ден, па сѐ до сега може да се поистоветат со поимот момент? Ако да, тогаш тоа е тоа. 🙂 Дефинитивно преубаво искуство, нов начин на учење, професионалноста од страна на менторите, добрата програма и распоредот на модулите, запознавањето на други луѓе и остварувањето на контакти, кои верувам приватно и професионално ќе траат подолго.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Би издвоила неколку. Тука спаѓа, начинот како да размислуваме при дизајнирање, тимската работа, работата и начинот на комуникација со реален клиент, почитување на рокови со самото тоа и редовно извршување на зададените задачи.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам како успешен дизајнер со добри дизајн проекти позади мене.
Уписите за Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!